Со подемот на психологијата како поле на истражување при крајот на 19 век и почетокот на 20 век, истата функционирала како премин од филозофијата на умот кон науката. Иако психологијата се има инфилтрирано во културата како дел од секојдневието, малку луѓе разбираат што конкретно истражува психологијата и на кој начин се изведуваат истражувањата. Етимологијата на зборот „психологија“ потекнува од грчкиот збор „psyche“ кој значи „душа“ и „logia“ којшто значи „учење/наука“. Иако самото проучување на душата повлекува дуализам, денес, под психологија се подразбира проучувањето на умот и однесувањето, со што започнува првиот проблем околу психологијата како научно поле на истражување. Умот, самиот по себе е филозофски апстрактен концепт и не е подложен на емпириско тестирање бидејќи не постојат инструменти кои можат да го измерат директно исто како што не постои начин за детекција и мерење на квалиите кои се епифеномени на мозокот, поради што се користат анкетни прашања како прокси инструментација за извлекување на информации за умот. Со тоа, експерименталната психологија се соочува со проблеми околу ова прашање, а оваа проблематика е се' уште разглобувана во филозофијата на умот, а проминентни се тезите кои го претставуваат како епифеномен на мозокот и тие на елиминативниот материјализам кои го негираат постоењето на умот.
Вториот проблем е тоа што научниот метод се стреми кон употребување на познатиот алгоритам кој се состои од поставување на хипотеза, нулифицирање на истата, а потоа емпириско тестирање, со тоа се добива објаснувачката моќ на хипотезата и се редефинира како теорија, а науката се стреми кон унифицирање на теоретските модели во еден модел. Психологијата се потпира на повеќе теоретски модели кои иако се контрадикторни меѓусебно, се прифаќаат зависно од практикувањето. Пример за тоа се еволуционата психологија, когнитивно-бихевиоралната терапија, гешталт, психотерапијата итн. со што конзистентноста на методологијата која се користи за верифицирање на овие модели, се доведува до прашање, а бидејќи постојат контрадикторности, некои од моделите по пат на логичка нужност, не се точни. Модерната психологија се стреми кон опишување на појавите, а не нивно објаснување. Неможноста за создавање на теорија со објаснувачка моќ, ја остава психологијата со модели кои се стриктно дескриптивни. Со тоа, повеќето студии се корелациски, една варијабла се контролира, а другата варијабла се тестира и се утврдува, но тоа не е доволно за поставување на теоретски модел, а повеќето кои се запознаени со ова поле на истражување се запознаени и со репликациската криза на психологијата. Еден од главните проблеми е тоа што човечкиот фактор е комплексен и не може да постои контрола на сите фактори кои може да играат улога во човековото однесување и тоа не го решава проблемот со умот којшто не е емпириски феномен.
Еволуциската психологија се одделува од останатите гранки со обиди за поставување на функционалистички модел за умот, но постојат различни проблеми околу овој модел и тоа може да се приложи во дискусијата која ќе следува.
Третиот проблем е АПА. Во прирачникот за пореметувања на АПА, се забележуваат различни промени околу тоа што ќе се дефинира како ментална болест, а што не, честопати проблем којшто е прашање на консензуално гласање, а не научно тело од докази. Пример за тоа се:
Математичко пореметување
http://www.minddisorders.com/Kau-Nu/Mathematics-disorder.html
Пореметување "ривалство со роднините"
http://www.psychnet-uk.com/x_new_site/DSM_IV/sibling_rivalry_disorder.html
пелтечење, аспергер и ред други пореметувања за кои нема физички индикатори. Некои од истите уште се наречени и морални болести (ривалство со роднините). Како се поставува границата помеѓу „психолошка“ болест и “физичка“ болест? Од што е дефинирана психолошката болест? Сексуалните фетиши на пример можат да бидат дефинирани како ментално пореметување или нормална сексуална варијација зависно од тоа дали предизвикуваат стрес кај личноста која ги има.
Тоа менување на ставови кај АПА „од чиста мира“ е евидентирано на многу наврати во историјата, а чист пример е промената на статусот на хомосексуалноста од болест во нормална сексуална ориентација што е прашање на чиста политика и притисок од активистите. Потоа научната евиденција го потврдува истото по некоја случајност, но важно е да се напомене дека причините за промена не биле научни туку политички исто како што биле и причините за дефинирање на хомосексуалноста како болест првично.
Дали овие „болести" треба да бидат дијагностицирани и дефинирани како болести врз база на некои морални гледишта или пак стриктно одредувани според моделот кој е во рамките на медицинската дефиниција за тоа што е болест?
Во оваа дискусија, добредојдени се аргументи од двете страни, со што е пожелно да се води издржана дебата.
Последна промена: