- ДА И ПОГЛЕДНЕМЕ НА ВИСТИНАТА ВО ОЧИ
Ако се обидеме да ја интерпретираме Гоцевата славна мисла СВЕТОТ ГО РАЗБИРАМ КАКО ПОЛЕ ЗА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР МЕЃУ НАРОДИТЕ од аспект на европските интеграциски процеси и местото кое Република Македонија треба да си го избори и покрај Грчките грчевити потсопнувања паралелно со своите внатрешни турбуленции тогаш најнапред треба на вистината да и погледнеме в очи.Македонија како држава се сопнува како мало дете од камен од мноштвото бариери кои го кочат развојот,рушејќи ни го дигнитетот на нацијава во очите на развиените европски држави. Ние сме земја со мал пазар,политичка нестабилност,нетранспарентноста дарежливо емитирана од владините мегафони,нелојалната пазарна конкуренција,некомплетираните реформи а и тие што ги има селективно применувани особено мислам на банкарскиот сектор,правната несигурност бавноста на судството или нивната про и контра одлуки во зависност од центарот на моќ кој е обвинител или обвинет државната бирократија која секој ден се зголемува со неписмени партиски кадри(затскриени демек со слободен конкурс и агенција за државна администрација) високиот степен на корупција и слободното тумачење на законските решенија на инструментите на властта и слични фактори кои не кочат многу повеќе од ветото на Грција во остварување на нашиот европски сон.
Неснаодливоста заради незнање или младоста а со тоа и неодлучноста на нашето државно раководство околу справувањето со натрупаните проблеми што наследени што самите ги изродија е заради немање ДРЖАВЕН ПЛАН ЗА НАЦИОНАЛНИ ПРИОРИТЕТИ.зашто се чини дека нивното делување е ад хок и кампањско. Остварувањето на секој зацртан национален идеал започнува со план за реализација кој треба да се реализира низ фази и етапи ако веќе нашето ни мило раководство посакува сите ние Македонија да ја видиме во европското семејство на народите,неопходен е добро разработен и реален план за акција после пак да не ни биде Б.Ц. крив а тој план во себе мора да ги содржи фазите...градење на основа за подобрување на политичката ситуација во државата,развој на својата визија и целите кои ни се поставени и нивно вреднување со промоција пред граѓаните за да ни излезе онаа народната АКО САМ НЕ СЕ ЦЕНИШ НЕ ОЧЕКУВАЈ ПОЧИТ ОД ДРУГИТЕ ТУКУ САМО СОЖАЛУВАЊЕ. Проценка каде се наоѓаме сега до каде ни е дереџето ги пустивме нозете ли колку што ни е долга чергата? Развојни етапи со ресурси кои би ги понудиле како мамец во смисла богатсвото на државната разноликост во цивилизациски аспект природните богатства но и погодната местоположба на државата,вклучување на дијаспората интелегенцијата па и сите граѓани во подобрување на имидџот на државата преку разноразните интернет или тетатет комуникации со останатиов бел свет да не се лажеме ние во очите на светов кој слабо не познава сме БАНАНА ДРЖАВА СО ВОИНСТВЕНО СЛОВЕНСКО ПЛЕМЕ И КУТРИТЕ УГНЕТЕНИ АЛБАНЦИ ???НИ ТРЕБА и анализа и оценка на позиционираноста на државата на одреден временски квартал што ќе резултира со награда или казна за истурените играчи од партиите кои ја сочинуваат властта и на СЕКОЈ начин се водилки во процесот на ребрендирањето на државата во стабилан европска држава.Континуираниот напредок е она кон што сите тежнееме меѓутоа кај нас како да ни фали оној критичен сегмент со постојаното девалвирање на медиумскиот сектор и залажување на јавноста не носи добро за ако сакаме да сме со овие горе. Многу симпатично изгледаат роуд шоута на државниот врв и економските промотори ама според мене неопходен е засилен фокус врз земјите кои континуирано покрај гласаат негативно за нас Италија Франција Холандија..посебно Министерството за надворешни како и Претседателот треба подзасилено да се присутни во овие држави со збратимување на градевите и секакви посети на разноразни манифестации како и промовирање на нашата култура таму зашто овие земји да не се лажеме се влијателен ако не и пресуден фактор на која страна ќе дува ветерот во наш или во грбот на нашиот сосед. Се до тука користев мисли на еден гимназијалец како да живее во подобра држава држава во која сите забележуваат дека фали стратегија дека нема здрава економија ниту пари во држава која политички е нестабилна. Нам не ни се потребни бајки големи револуции терористи и атавизми од минатите векови туку прилагодливост на ситуацијата која владее на теренот. Нам ни треба цврсто лидерство во демократски дух внимателност во одлуките никако идеален ама човек кој ке сјати околу себе политички конгломерат отвореност за идеи мисли и спроводливост на истите.За државата да оди напред и да останеме верни на идеите на Гоце потребен ни е процес системски поплочен со квалитет од квалитетни луѓе користење на граѓанскиот потенцијал а не жигосување на НВО секторот зашто квалитетот се создава со искуство едукација и инвестиција нели??
Сите сакаме да живееме во држава со имиџ на земја со јавна одговорност и етички пристап кон решавање на проблемите. Македонија како држава која ке биде цената високоразвиена земја со славно минато и розова иднина е само сон слатка романтична комедија ама и децата знаат што сакаат инаку ја напуштаат земјата при првата погодна прилика.
- 29 мај
-
06:53
Marjan Eko Stamenkovski
А еве и неколку вистини во продолжение
- Додека народот спие властта краде и во трета смена.
- Беше млад имаше идеали подоцна ги продаде за медали.
- Нека се живи и здрави идните поколенија тие ќе ги враќаат нашите задолженија!
- Поскапеле јајцата? Па нормално кој жив има ЈАЈЦА да зборува против властта???
- Ви ослабела меморијата господине Министер е така е кој да ги памети сите оние партии што ги сменивте?!
- Мама,тато,бато,дада,баба,зетката сите на добри државни работни места а кучето што ви лае пред врата? Нема кој и нему коска да му фрли за да заќути и да преде како маче...
- Имате нечиста совест? Епа го затворивте Охис нема повеќе ни ГОНГ а ни БИЛЈАНА да ви ја испере...
- Партијата стана ДВИЖЕЊЕ да вие се движите во погрешна насока.
- Сместете ме во ЛУДНИЦА сакам и јас во оваа држава да се чувствувам НОРМАЛЕН.
- Има многу волонтери во Македонијава нив риболовците нагалено ги викаат МАМЦИ за поголемите риби.
- Не ја разбирам потребата за прогласување на државни празници кога и онака преку цела година никој ништо не работи.
- Врти шефот на заменикот..Мартинее дај друго дете она од синојќа веќе заработи милион евра доста му се....