Горделива ламја

Nevazna

Истакнат Член
13 април 2014
37
28
118
И што ми треба да љубам,кога љубат храбри и достоинствени за љубов? Ах проклета да ми е гордоста која ме труе ко со отров на змија и ми ја цица крвта ко пијавица.... Долго време тлееш во мене и ми уништуваш се мое најмило,најсакано,да страда ради тебе проклета да си. Долго време не се осмелував да се обидам да напишам ваков текст,сосема непотребен за другите но за мене премногу значаен само да те истурам и оттргнам од мене,гордост проклета и веке се осмелив и не се каам....бар сум свесна дека ме цицаш и ќе се борам против тебе ко со ламја само да ми дадеш да бидам своја,пред оној кој е свој со мене....Во принцип ги мразам сите овие депресии,сите овие ,,исповеди'',велејќи постојано како треба да се љуби,колку љубовта е преубава,колку љубовта може да биде вистинска во ова НЕвреме,а еве ме сега, колку ми е поголема љубовта толку ми е подлабока гордоста,а знаете ли зошто драги мои невини луѓе пред кои го искажувам мојов бол? Затоа што срцево е изгорено и трепери да не биде злоупотребено од оној пред кој ГОРДО се поставувам,а всушност со цела душа го САКАМ и ПОВРЕДУВАМ....Научете дека треба за оној пред кој сте ,,голи со сите емоции'' и кој го сакате да си ја убиете гордоста во буквален збор затоа што црно ви пишува таа проклета змија на пропаста...

Инспирирана од гордоста што се повеќе ја има и уништува се...
 
Последна промена од модератор: