Гласот на срцето..

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
heart.jpg
Би сакала раката твоја во моја да ја ставам и во длабоките очи да те гледам додека нежни зборови ти кажувам што од усни ми слегуваат. Би сакала да те прегрнам, градите да ти ги почувствувам и чукањето на твоето срце на моето да го слушнам.
Да сакаш и да бидеш сакан значи да го чувстуваш Сонцето од двете страни.
Љубовта е волшебна градина во која расте животот и смртта. Сочувај ја љубовта за мене, не дозволувај да овене, јас мојата само тебе ќе ти ја дадам, тивко, лесно и засекогаш!
Почувствувај ја свежината на денот. Ако ти се насолзат очите, тоа е од шепотот на уштрото и од допирот на усните што ти пожелуваат пријатен и успешен ноемвриски ден.
Се што има душата, има душа. Душата има и боја и мирис. Има сон и целата во него тече. Душата има срце и има чувства. Има мисли и во нив себеси. Се што има душата, има душа. Душата има душа и насмевка има. Се што има душата и се има душа, срце мое.

Во вистината на моите усни слетуваат твоите усни, капат со топлината на боите на жена со волшебна тишина на допирите, гасејќи ја мојата вечна жед за тебе.

Тебе те внесувам во себе. Мојата душа со твојата светлина непрекинато цути и стануваме сведоци на вечната љубов. Мојата љубов за тебе е гласна и волшебна, бесмртна љубов загледана во твоето ѕвездено битите.

Испружи ги дланките и затвори ги очите. Знам дека ќе ме почувствуваш, љубовта не знае за граници и далечини. Таа е од се` посилна и без страв патува кон тебе зашто ти копнееш за нашите ноќи.

Сакам да сум рубин-вино во бело грло да ти течам и да се спојам со тебе. Секогаш во срцето си ми. Сакам да сум до тебе да те милувам, на уво бисери да ти шепотам. Прегрни ме, бакни ме.

Се` би дала да си до мене. Животот, среќата, тагата и насмевката не се ништо без тебе. Се` би дала да уживам во погледот твој. Животот е еден, ама е безвреден без тебе. Се` би дала за твојата прегратка во срцето вечен мир и спокој да имам.

TheFrisb

Староседелец
3 март 2012
97
161
1,043
Во друга галаксија :)

...................
Додадете и некои ваши..

хехе браво :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy