Лижењето газови е стара делатност на овие простори. Датира некаде од 6 - 7 век веднаш по населувањето на Словените на Балканскиот полуостров што го прави втор најстар занает веднаш после курвалукот. Посериозно занимавање со оваа гранка е забележано за време на Турско каде што слободно можеме да кажеме дека газолижарството доживува ренесанса.
За време на Балканските војни и Првата светска војна газолижарството од непознати причини почнува да стагнира но веќе за време на Втората светска војна ќе продолжи да се развива по нагорна линија а подем ќе доживее по ослободувањето кога се забележани и првите професионални лижачи на газови.
По осамостујувањето на Македонија Газолижарството е општо прифатено кај народот и се смета за нормална работа и слободно можеме да кажеме дека прераснува во движење.
Газолижач не се станува преку ноќ, тоа не се учи, нема школо за тоа, едноставно тој така се раѓа тоа е вродено, може само да се досоврши тоест да се доразвие талентот.
Според најновите истражувања во најголем процент тоа е наследно, но како се развила оваа генетска мутација не е познато. Науката нема одговор на тоа.
Газолижач лесно можете да препознаете. У разговор со него он се сложува со све, све нешто клима со глава никад не е против не се конфротира со никого. Од друга страна пак ако до вчера ве фалел веќе следниот момент може да ве оцрни све зависи од тоа како му налага моментната ситуација. И секако по јазикот рапав е и подолг за нијанса отколку кај нормалниот човек и да не заборавам да споменам дека е побрз односно можат да излижат газ со таква брзина без да примети особата на кого му е лижен газот.
Принципите на Газолижачите се многу јасни. Остварување на имотно-правна корист, вработување на места кај што не ги исполнуваат ни најмалку критериумите, напредување у службата и у последно време многу е распространето градење политичка кариера каде што од тотален дудук се станува политички експонирана личност преку која ќе се испазарат за некое од горе наведените материјални придобивки.
Слично како и масоните и газолижачите си имаат свои ложи и може да ги поделиме на неколку вида и подвидови. Ќе се задржам само на поважните видови.
Првиот вид е “Неамбициозен газолижач - чирак„ - тој го лиже газот на својот предпоставен и се задоволува само со пофални зборови за своето ангажирање у фирмата, политичка партија и слично... и со понекое место у управен одбор.
Вториот вид е “Полуамбициозен газолижач - Приправник„ - тој освен што го лиже газот на својот предпоставен ги лиже и газовите на соработниците и конкурентите на својот предпоставен бидејќи се надева дека ќе му притребаат за понатамошно градење на кариерата. Врв на неговите амбиции е некое шефовско место по можност заменик директор у добростоечка фирма со странски капитал, пратеничко место или амбасадор.
И третиот вид над видовите е “Амбициозен газолижач - Мастер Дегри оф д Јуниверз, Мадафака - Насти санава бич„ - е тој брате мили лиже све живо и диво. Газовите на своите предпоставени на нивните соработници на соработниците од соработниците на своите предпоставени на нивните конкуренти на политичките истомисленици и на политичките неистомисленици на коалиционите партнери па дури и на оние што не се со него у коалиција за секој случај да не притреба некад, пошто он нема грижа на совест, ако дојде опозиција на власт он се префрла у нивни редови и таму продолжува со лижење на газови надевајќи се дека ќе оствари некој бенефит. Потоа на странските амбасадори, конзули и други газови. Понекогаш толку ќе се занесе у лижење газови што се дешавало да изгланца и по некој непотребен газ али тоа не го обесхрабрува он тоа го става под графата колатерална штета и продолжува со лижење како да не било ништо. Се верува дека овој вид може да излиже и до десет газови у минута. Знам дека звучи невероватно али ништо не треба да не чуди. Да може и сопствениот газ би си го излижал. Мада некои почнувале и со јога да се бават со надеж дека ќе досегнат со јазикот по сопственото газе ама до сега не е забележан таков момент. Барем ја не се сум чул за тоа до моментот додека ги пишувам овие редови.
Он не се задоволува со некакви заменички места, он пука на многу повише. Генерален директор на некоја државна институција му е минимум за она што би се испазарил. Па дури иде до таму да приграби и некоја од повисоките државнички функции кај што не треба многу интелектуално да се оптеретува, бидејќи он не размислува со мозокот туку со јазикот.
Јазикот е негово убојито оружје. Барата со него како Самурај со својата катана.
Инаку газолижачите имаат и свое мото кое гласи:
„Добриот јазик и железна врата отвара“.
Додека у време на СФРЈ мото им било:
„Врата се не отвара ако језик одмара“.
Али Македонските газолижачи по распадот на СФРЈ го усвоиле првоспомнатото за свое официјално мото.
Они дури у бившата држава во еден момент живејќи ги својте звездани мигови ги имаат преработено социјалистичките пароли обидувајќи се на тој начин уште повише да просперираат, како на пример:
- Друже Тито ми ти се кунемо да ћемо твоје дупе да лижемо
Потоа ја преработиле и песната:
Са Овчара и Каблара
дупелизац проговара
Друже Тито без да лажем
дођи да ти нешто кажем
Чак од Скопља до Ужице
лизаћемо ми гузице
Друже Тито бело лице
доведи и јединице
Онда приђи мало ближе
па да видиш како се дупе лиже
Тоа бил полн погодок, ова било пресвртница у нивните животи но на жалост и почеток на крајот на Југославија, неќам да алудирам на ништо но сепак, ако они биле една од причините за распадот на екс - Ју државата неќам ни да помислам како би завршила Македонија.
Да се вратам на темата, пред некој ден сосем случајно од извори блиски на газолижачите дознав дека едно време сериозно размислувале да оформат и партија.
Пред неколку години се обиделе да придобијат што повеќе гласачи за својата партија по принципот лижејќи газови од стан до стан и делејќи памфлети со следната содржина:
- Може само да си ќар со јазикот у чмар и
- У нашата партија не се користи тоалетна хартија
Брате и сестро јазикот е наше хигиенско средство
Не е настрано ако си помогнеме обострано
Но од таа идеја се одстапило поради тоа што процениле дека имаат поголеми шанси за успех ако се инфилтрираат у некои од поголемите партии и не згрешиле..
И да привршам. Ги влечат ли они конците у Македонија, како да се справиме со оваа негативна појава во нашето општество, дали треба да се лустрираат и газолижачите.
Многу прашања а малку одговори.
Според мое скромно мислење Ass Licking илити газолижарството е сериозен проблем у нашата држава и со таа тематика треба да се позабават стручни лица од областа на психијатријата и психологијата.
На почетокот на 20_от век Сигмунд Фројд преку психоанализата се обидел да навлезе во подсвеста на еден газолижач доброволец кој бил присилно донесен но испитувањата биле ненадејно прекинати. Подоцна почнале да кружат теории дека газолижачот така стручно му го светнал газот што Фројд решил да ги прекине испитувањата и така оваа мистерија засекогаш да остане покриена со велот на тајната.
Дали вие познавате некој газолижач од јавниот живот или вашето опкружување и кој се истакнати членови на оваа асоцијација тоа останува на вас да ги препознаете, пробајте не е тешко, ја нема да ги набрајам.
Сепак хартијата не трпи све.
ПС. Колумната е инспирирана од вистински случки. Секоја сличност со некого е намерна. Ако некој се препознае во текстов тоа е негов проблем.
Преземено од блогот на Скопски Солидарец