Мени
Форум
Нови мислења
Пребарување
Членови
Моментални посетители
Нови објави на профил
Пребарај објави на профил
Форум
Најава
Регистрација
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Нови мислења
Пребарување
Барај
Пребарувај само наслови
Од:
Пребарувај само наслови
Од:
Мени
Install the app
Install
Одговори на темата
Форум
Фамилија и семејство
Деца
Воспитна мерка - шамар?
JavaScript is disabled. For a better experience, please enable JavaScript in your browser before proceeding.
Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови.
Треба да го надградите вашиот или да користите
алтернативен прелистувач

Порака

Не се сеќавам дека сум ги удрила. Можеби само по рачето, ама ни тоа не би се нарекло удирање. Додека беа малечки сѐ низ дома ми беше излепено со селотејп, штекери, фиоки, вратничиња... сѐ што ми изгледаше како опасно.

Не сум им бранела да растураат по дома. Играчки на сите страни, хартија, боички, сликовници и шо не. Ситните дрангулии ги тргав на страна. Разгалени ми се. Ама само дома.

По улица никогаш не ми правеле проблеми. Е сега додека беа мали, нормално дека имаше плачење кога не сака да седи во количка, или кога сака в раце, ама тоа е нормално. Нивно беше да трчаат на сите страни, а наше, како родители, да трчаме по нив. Немаше раат седење на кафе, оти детското трпение трае отприлика 5-10 минути. Па или ќе си станеш или ќе најдеш начин да ги занимаваш.

И јадењето било проблем. Ама никогаш не сум настојувала на сила. Ако му се јади, ќе јади. Ако не, ќе јади некоја минута подоцна. Некогаш ќе подлажнуваш, некогаш ќе измислуваш приказни, некогаш ќе уценуваш, ама никогаш не удираш за да го натераш да јаде.

На гости кога сме оделе, а и ден денес кога одиме, никогаш не се однесувале разгалено. Мирни, тивки, насмеани. Не растрчувале, не растурале по туѓи куќи. Ако им даеле некоја играчка - арно, ако не - пак арно. Стално си носевме од дома по некое количе или кукличе.

Во школо не прават бељи. Ама не се ни дудуци шо не мрднуваат од место. Учат и имаат солидни оценки. Малиот е многу интелигентен, ама е мрза невидена. За сега нема помала оценка од 5, ама правел тестови со грешки. Не сум го карала никогаш. Ама тој самиот си се „кара“. Криво му е кога нешто нема да знае. Оти си знае колку време потрошил за учење, а колку пред компјутер. Големата е исто многу интелигентна, ама и плашлива. И стравот понекогаш ја блокира, па ќе добие послаба оценка. Ама веќе го надминува. Оти за ниедна тројка не сум ја напаѓала, ниту па сум ја казнувала. Еднаш доби и единица на тест. Цела потресена, одвај собра храброст да ми каже. Јас ѝ реков - Јееееиии, ќефој сум. И мое дете еднаш да добие едница. Ја изгушкав и ја избакнував. Ме гледаше ко да сум скроз забегана. Рече - утре ќе станам да одговарам и да си ја поправам. Реков - неее, немој утре, остај ме малку да се порадувам, има време, ќе ја поправиш. Ме погледна, па замина во соба и седна да си учи. Следниот ден единицата стана тројка, а веќе на следниот тест - четворка.

Малиот ми е сеуште проблематичен за јадење. Ама кога оди кај другарите, јаде тоа што ќе му понудат. И го прашувам - Добро бе, како можиш кај другарите да јадеш и цвекло и манџа ваква и манџа онаква, а дома стално пребираш? Ми вели - Па не ќе им речам ова не го јадам, дајте ми друго. Дома си сум дома, а таму сум на гости.

Сакам да кажам дека иако понекогаш се нервирам зашто немаат ич страв од мене, сепак сум задоволна зашто токму заради тоа што немаат страв, најнормално и најслободно ми кажуваат сѐ. И за слаби оценки и за симпатии и за нешто што направиле, а било погрешно...

Ќотекот само прави бариера меѓу децата и родителот. И казнувањето исто така. Децата си сакаат сигурност, доверба и чувство на заштитеност. Кога знаат дека ги имаат, тогаш многу добро умеат сами да си стават „кочница“.

[QUOTE="lady_blue, post: 44686, member: 67"] Не се сеќавам дека сум ги удрила. Можеби само по рачето, ама ни тоа не би се нарекло удирање. Додека беа малечки сѐ низ дома ми беше излепено со селотејп, штекери, фиоки, вратничиња... сѐ што ми изгледаше како опасно. Не сум им бранела да растураат по дома. Играчки на сите страни, хартија, боички, сликовници и шо не. Ситните дрангулии ги тргав на страна. Разгалени ми се. Ама само дома. По улица никогаш не ми правеле проблеми. Е сега додека беа мали, нормално дека имаше плачење кога не сака да седи во количка, или кога сака в раце, ама тоа е нормално. Нивно беше да трчаат на сите страни, а наше, како родители, да трчаме по нив. Немаше раат седење на кафе, оти детското трпение трае отприлика 5-10 минути. Па или ќе си станеш или ќе најдеш начин да ги занимаваш. И јадењето било проблем. Ама никогаш не сум настојувала на сила. Ако му се јади, ќе јади. Ако не, ќе јади некоја минута подоцна. Некогаш ќе подлажнуваш, некогаш ќе измислуваш приказни, некогаш ќе уценуваш, ама никогаш не удираш за да го натераш да јаде. На гости кога сме оделе, а и ден денес кога одиме, никогаш не се однесувале разгалено. Мирни, тивки, насмеани. Не растрчувале, не растурале по туѓи куќи. Ако им даеле некоја играчка - арно, ако не - пак арно. Стално си носевме од дома по некое количе или кукличе. Во школо не прават бељи. Ама не се ни дудуци шо не мрднуваат од место. Учат и имаат солидни оценки. Малиот е многу интелигентен, ама е мрза невидена. За сега нема помала оценка од 5, ама правел тестови со грешки. Не сум го карала никогаш. Ама тој самиот си се „кара“. Криво му е кога нешто нема да знае. Оти си знае колку време потрошил за учење, а колку пред компјутер. Големата е исто многу интелигентна, ама и плашлива. И стравот понекогаш ја блокира, па ќе добие послаба оценка. Ама веќе го надминува. Оти за ниедна тројка не сум ја напаѓала, ниту па сум ја казнувала. Еднаш доби и единица на тест. Цела потресена, одвај собра храброст да ми каже. Јас ѝ реков - Јееееиии, ќефој сум. И мое дете еднаш да добие едница. Ја изгушкав и ја избакнував. Ме гледаше ко да сум скроз забегана. Рече - утре ќе станам да одговарам и да си ја поправам. Реков - неее, немој утре, остај ме малку да се порадувам, има време, ќе ја поправиш. Ме погледна, па замина во соба и седна да си учи. Следниот ден единицата стана тројка, а веќе на следниот тест - четворка. Малиот ми е сеуште проблематичен за јадење. Ама кога оди кај другарите, јаде тоа што ќе му понудат. И го прашувам - Добро бе, како можиш кај другарите да јадеш и цвекло и манџа ваква и манџа онаква, а дома стално пребираш? Ми вели - Па не ќе им речам ова не го јадам, дајте ми друго. Дома си сум дома, а таму сум на гости. Сакам да кажам дека иако понекогаш се нервирам зашто немаат ич страв од мене, сепак сум задоволна зашто токму заради тоа што немаат страв, најнормално и најслободно ми кажуваат сѐ. И за слаби оценки и за симпатии и за нешто што направиле, а било погрешно... Ќотекот само прави бариера меѓу децата и родителот. И казнувањето исто така. Децата си сакаат сигурност, доверба и чувство на заштитеност. Кога знаат дека ги имаат, тогаш многу добро умеат сами да си стават „кочница“. [/QUOTE]
Внеси Цитати…
Верификација
Колку нозе има кучето? (напишете со букви)
Испрати мислење
Форум
Фамилија и семејство
Деца
Воспитна мерка - шамар?
На врв
Bottom