Вистинскиот

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
...Бел фустан на кој крајот со тешкотии му се догледува , насмеани лица , а пред олтарот момче кое со нетрпение го очекува Вашето пристигање и судбоносното ДА од твојата уста.. Всушност, тоа е сонот на скоро секоја девојка од нејзините најрани години ...И се' ќе е така прекрасно ако тоа можеше да се доживее без некои посебни потешкотии ... Но пред овој суден ден има некои прашања кои секогаш ќе ни создаваат доза на немир ...

Дали е тој вистинскиот ?!?!

- Хмм ... Можеби е ... Но ... Не измачувај се .. Секогаш ќе има моменти кога ќе си кажеш ,, Ехх да беше таков.. '' ... Еве читав дека вистинсиот маж за секоја се наоѓал на само 30км оддалеченост од неа... Тоа значи дека кога го менам местото на живеење , се мени и мојот вистински маж ... Хммм па да ... Всушност на оваа наша прекрасна планета , не е само еден единствен маж кој ќе ве исполнува ... Ги има стотици , да не речам илјадници ... Но тоа мои драги женчиња не значи дека треба да пробаме стотина за да избереме еден единствен ...

Пронајде некој кој влева надеж за среќна и заедничка иднина ?!?!

Девојчее , задржиии го , ќе ти отиде додека се мислиш ... Што е сега проблемот ?!? Аха , има 10цм помалку од тоа ти што си го замислуваш , 10 кг повеќе или пак едното уво му е поголемо од другото ?! Не биди смешна девојко , секој со своите маани ... Те сака , те почитува , гордо те покажува во јавноста , зарем не е доволно ?! Го сакаш , но сепак сонуваш за друг заради тие некои негови недостатоци ... Грешиш мила , верувај ... Јас да , реков дека на светот не е се во ЕДЕН , но и останатите илјада се со свои маани ... Затоа кога ќе најдеш еден , прифати го ... Сакај го секој ден повеќе , почитувај го ...

Дали ми е верен ?!?!

Ахх , тоа жарче недоверба кај секој човек ... Епа постои и кај него , дали си му ти нему верна ?! Не покажувај мила никогаш сомнеж ... Зошто ? Ја знаеш онаа ,, Тоде , Тоде шо те боде '' .. Е баш затоа ... Ќе си помисли дека си ти таа неверната , па мислиш дека и тој е таков ... Верувај му !!!

Засекогаш заедно или ... ?

Само остани позитивна и заљубена , мила ... Не се сите мажи исти , не се сите такви какви што ние знаеме да си ги ЗАМИСЛИМЕ !

Останете заљубени ... !!!
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Не би се повторувала , но всушност тоа и е целта на колумната ... НИКОГАШ НЕ СИ СИГУРНА ДАЛИ Е ВИСТИНСКИОТ ... а за тоа ,,велиш го сака?'' може да се напише посебна колумна , каде ќе се дискутира за тоа :)

поздрав
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас очигледно пак ќе излезам дрска у причата, ама мене колумнава ми е малку смешна од повеќе аспекти.
Како и да е...

Девојките што од најрана возраст единствено сонуваат да се омажат се истите тие што шмркаат пред телевизор секогаш кога ќе и се истури оризот на Ананди, а свекрва и ќе ја погледне бледо. Истите тие што везат гоблени за чеиз и проповедаат морал со ролките до гуша. Истите тие што си пишуваат на фб статус „ Среќен роденден Тоше“ секој 25-ти јануари.
Тие се тие де, на кои три пати се помислувам здраво дали да им речам.

Иначе околу тоа да го задржиш и покрај 10 цм плус минус или како и да беше, ме натера да се запрашам за која категорија на жени е наменета колумнава?
Дека паметните моми такви баналности не приметуваат и знаат што им треба за да бидат среќни и исполнети.
Паметните моми нема да ги заведе нечиј нос, очи, уши. Значи НЕМА!

Не биле сите мажи исти, такви ко што сме си ги замислиле...Ова да бидам искрена малку ми ја навреди и интелегенцијата. Нормално дека не се исти де, ама сигурно не сме и ние малоумни и глупави па да не знаеме кој сакаме да биде покрај нас.
Што би правела нормална жена покрај некој за кој секој ден сомнежи ја јадат? Зошто би била покрај него, зборам ако веќе тоа што го мисли е основано?
Освен ако е некоја мазохистка, друго објаснување еве мене не ми иде...
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Епа ваква е љубовта во колумните. (со исклучоци)
Најубавата љубовна поезија и проза се најдува токму во оние не чик литература книги, кај поети кои суптилно ни ја претставуваат неа и нејзината убавина.
Вистинската љубов не е ваква, ништо од ова што си го напишала не е како по правило и пропис.

Кога ќе го запознаеш НЕГО, нема да ти биде битно дали има густа или ретка брада, дали косата ја носи со налево или надесно патец.
А сакањето е убаво само кога е обострано, ако некој ти го пружа тоа а ти не, тогаш убаво е да не се игра играчки и да не се залажува нешто кое порано или подоцна ќе ти се здосади и ќе пукне како тиква (не зборувам за тебе, зборувам општо)
Ако е обратно, немојте да бидете мазохисти како што рече True_Blood.

Оставете ги Спаркс, Сесилија Ахерн и ним сличните, тие не продаваат книги кои ќе те научат за вистинска љубов, продаваат допадливи карактери како по еден образец на кој што секоја девојка паѓа. Уште еднаш, вистинската љубов, не е таква.
 

smeska

Истакнат Член
18 декември 2012
65
53
118
Колку сте ме изнагрдиле не знам кому попрво да одговорам :D Никому ! Што имав да кажам , кажано е во колумната ... Сите со свое размислување , со свој став ... Така да нема да се правдам ... Благодарам и на критиките , можеби нешто ќе научам од нив :rofl.. Како и да е мозокот не ми е испран ... А и мене ми се смешни и чудни некои ваши реплики , каде и вие не знаете што сакате да кажете .. Останете поздравени и толку сигурни во тој ваш избор дека знаете кој е вистинскиот :)