Викенд предлог

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Е вака овде се надеваме ќе ви дадеме некоја добра идеја , за тоа каде овој викенд. :)
Викенд предлог: Кањон Матка
vikend-predlog-kanjon-matka-povekje.jpg
Во близина на Скопје (на 15km) сместен е кањонот Матка. Место каде може да се релаксирате од градската гужва и да уживате во чистиот воздух.

Доколку одите со автомобил за време на викенд, ви препорачуваме да тргнете порано бидејќи во попладневните часови се прави неверојатна гужва, како за паркирање, така и воопшто за движење со автомобил.
Паркирајте се подалеку и одвојте малку време за да пешачите. Патеката до планинарскиот дом е чиста и уредена.
Имате можност да уживате во зелената околина, свежиот воздух и песната на птиците. Реката Треска е сè уште местото каде уживаат сите оние кои се љубители на кајакарството.
vikend-predlog-kanjon-matka-6.jpg
Постои можност да си направите излет во сопствена режија на почетокот на Матка покрај реката, или да уживате во вкусната храна на неколкуте ресторанчиња.
После подолго време е реновирана патеката и е поставена заштитана ограда со што сега полесно можете да пристапите до црквата Св. Андреа. Поставени се и клупи каде можете да се одморите и да уживате во убавините на природата.
vikend-predlog-kanjon-matka-4.jpg
Вреди и да направите прошетка со кајче затоа што ваквото задоволство освен во Охрид, во нашава земја сега за сега се уште функционира само овде.
vikend-predlog-kanjon-matka-7.jpg
65366311.jpg
65358015.jpg
65357818.jpg
65357825.jpg
Матка е препознатлива по пештерата Врело. Подводната пештера Врело е лоцирана во кањонот Матка од десната страна на реката Треска. Таа е составена од две пештери една над и една под водата. На таванот е вистински „дожд“ од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови.
Во длабочината на пештерата се наоѓаат две езера, Мало и Големо Езеро со своја т.н. руска плажа. Плажата го добила името бидејќи меѓу првите во неа се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухопловство.
Во пештерата има и т.н. „концертна сала“, од чија лева страна се таканаречените „пишани камења“. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо, за чие дешифрирање и толкување треба стручна помош.
_244.jpg

vikend-predlog-kanjon-matka-1.jpg
vikend-predlog-kanjon-matka-2.jpg
vikend-predlog-kanjon-matka-8.jpg
vikend-predlog-kanjon-matka-5.jpg
Откако ќе завршите со прошетката, ви ветуваме дека ќе се вратите свежи и одморени, полни со импресии.
Превземено од CrnoBelo.com http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/vikend-predlog/8591-vikend-predlog-kanjon-matka
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi, Sugar and Scars31

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Ауу преубаво е :)
Имаше од TSC Air Travel убава понуда за друг кањон за викенди ама не ми отвора сега :/
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Куманово
h801.jpg
Куманово се наоѓа на североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, распространето од двете страни на реките Липковка и Кумановка.
kumanovo_1-610x456.jpg
Според легендата името на населбата потекнува од името на воинственото племе Кумани кои во 1094 год. навлегле во овој крај и извесно време се задржале на територијата на денешна Кумановска општина и пошироко.Други претпоставки за името не постојат.
kumanovo-610x457.jpg
Врз климатските одлики, односно различните вредности на метеоролошките елементи во Куманово, влијание имаат неколку фактори. Според географската ширина и близина на поголемите водени површини, се смета дека во Македонија се чуствуваат топли влијанија. Но, Куманово се наоѓа во северниот дел на Македонија, така што тие влијанија помалку се чуствуваат.
Prohor_Pcinjski-610x457.jpg
Ѕебрњак
На брдото Ѕебрњак, каде се одигра еден од најжестоките судири во Првата балканска војна, подигната е Спомен-костурница во која се сместени коските на загинатите српски војници. Костурницата според проектот на архитектот Момир П. Горуновиќ, е откриена во 1937 година. Денес постои само долниот дел широка тркалезна костурница, додека горниот пирамидест дел е урнат во 1942 година од бугарски фашисти.
Zebrnjak.jpg
Во непосредна близина на Куманово се и манастирот „Св. Ѓорѓи“ во село Старо Нагоричане.
sv-gjorgji-nagoricane.jpg
Црквата „Св. Ѓорѓи“ во кумановското село Старо Нагоричане се смета дека е едно од најзначајните и највисоките места во историјата на средновековната византиска уметност во Македонија. Црквата датира од 11-от век и се смета дека била во форма на базилика за која не постојат пишани документи и записи од што е срушена. Како прв градител на црквата се спомнува името на Роман IV Диоген кој што бил византиски цар а значајно е да се напомене дека истата била и фрескоживописана но по нејзиното рушење зачуван е само еден дел.
staro-nagoricane-610x457.jpg
Сите оние кои што немале можност да го погледнат овој стар храм, пропуштиле да видат богата и неповторлива галерија од фрески кои се ремек дело на византискиот класицизам во 14-от век од палеологовската епоха и воопшто од средновековната уметност во Македонија, Балканот и во светот.
Кокино
Кокино е мегалитска опсерваторија која се наоѓа во атарот на општината Старо Нагоричане, И според НАСА спаѓа во првите четири опсерватории во светот.
kokino_1.jpg
Опсерваторијата случајно е откриена во 2001 год.од страна на бугарски и македонски археолози, а во 2002 год. се започнати истражувањата од страна на Народниот музеј во Куманово,. Таа е датирана во 1800 год. п.н.е., односно раното бронзено време. Мегалитската опсерваторија се наоѓа на неовулкански рид. Карпите се создадени со стврднувањето на лавата, која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од тие процепи биле главните маркери низ кои се следеле циклусите на Сонцето и Месечината и се мерело времето.
kokino-2-610x442.jpg
Камените маркери во минатото ги означувале местата за изгревање на Сонцето и Месечината во периодите на кусодневица, рамнодневица и долгодневица, како и нивните отклони. Сонцето, всушност, само на рамнодневиците – на 21 март и на 21 септември - изгрева точно на Исток и заоѓа точно на Запад. Потоа постепено има отклонување до 45 степени. Местата на изгревање кои се опфаќаат со природните маркери на мегалитните стени во Кокино укажуваат дека изгревањата на исто место на Сонцето се повторуваат на 18,6 години. Веројатно некои членови на племенската заедница имале задача секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да прават календари за одредување на деновите за ритуалните обреди, како и за започнување на сезонските работи во земјоделството и сточарството. Опсерваторијата е сместена на две скалести платформи од кои се следеле планетите. На горната платформа се пронајдени траги од неколку објекти и делови на керамика.
Поглед на Кокино
Според наодите на археолозите, на локалитетот Кокино, всушност, немало живеалишта туку дека опсерваторијата воедно била и светилиште, а во процепите на стените се ставале предмети наменети за нивните божества. На локалитетот има и еден вид престол, каде што, најверојатно, седеле старешините и водачите на племето. Мегалитната опсерваторија во Кокино се вбројува меѓу највредните стари опсерватории во светот. Заради тоа, во 2005 год. американската вселенска агенција НАСА во листата од 15 вакви опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место. Првите четири опсерватории според НАСА се:
  1. Абу Симбел - Египет
  2. Стоунхенџ - Велика Британија
  3. Ангкор Ват - Камбоџа
  4. Кокино - Република Македонија
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Матка - најблиску и најдобро за викенд.
Исто така и Водно не може да се испушти за преку викенд. Едно планинарење но само да се стопли времево.
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Козјак
881.jpg

Козјак е езеро долго 32 километри, некаде е длабоко и 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од неполни 300 метри. Има најбогат рибен фонд. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. Според атракцијата и функционалноста на езерото, неспоредлива е изградбата на таканаречениот воден лифт, таму каде што етапно ќе се регулира водостојот на водата во езерото. Оваа огромна инка за зауздување на водите во најголемите дождовни периоди е втора по функција во светот, бидејќи ја градеа истите кинески експерти што ја граделе и проектирале најголемата светска брана на Жолтата Река во Кина.
Во акумулацијата Козјак се среќаваат 9 (девет) видови на риби. Не е исклучено да во акумулацијата се среќаваат и други видови на риби кои се спорадично или инцидентно уловени. Според согледувањето на теренот акумулацијата Козјак овозможува поголем број на искористување на незиниот ихтиолошки потенцијал. На падините на околните планини се наоѓа наделеку познатото ловиште Јасен. Во ловиштето живеат многу видови на диви животни. Таму ќе сретнете диви кози, диви свињи, срни и капитални елени како и повеќе видови грабливци, волци и мечки.
На не повеќе од 30 километри од Скопје се наоѓа Македонскиот Гранд Кањон. Флора и Фауна недопрена од граѓаните. Прекрасно езеро, карпи, цвеќиња во волшебни бои и чудни форми. Козјак е место кое го запира здивот и прави да се чувствувате поблиску до боговите.
3170.jpg

4147.jpg




11123-610x406.jpg


Галичник
0277.jpg

Во пазувите на планината Бистра, лежи Галичник, за упатените – синоним за автентичност, мајсторско копаничарство, уметност, преродбеништво, впечатливи традиционални битови обичаи и архитектура, неверојатно вкусно сирење и кашкавал.
За оние кои не го познаваат – Галичник е свет кој неизоставно мора да се открие, зашто во него духовноста и инспирацијата создале чудесни богатства.
Галичник е изразито планинско село од збиен тип со најголема надморска височина меѓу реканските села од 1200 до 145 м.н.в. По својата местоположба и по конфигурацијата на земјиштето е необичен. Амфитеатрално е поставен, свртен кон Дебарското Езеро. Околината му е карпеста но и полна со шума, вода, планински реки, ливади, ледини и големи планини обраснати со трева за напасување на селскиот добиток, големите стада овци и коњи. Сместен е во западниот дел на планината Бистра, над него на северната страна се издига Говедарник, со врвот Меденица со 2163 м.н.в. , а на јужната страна се отвора кон Дебарското Езеро од каде по долината на Дрим и Радика допира медитеранска клима.
На земјината топка постојат населени места кои според значењето што го добиле со текот на настаните, се издвојуваат од рестото села и градови. На по малку необјснив начин тие делуваат како да впиле чудна енергија та зрачат низ времето со луѓе и со збиднувања што ја бележат епохата или историјата воопшто. Речиси и нема нација која сопствениот идентитет и дух на одреден начин, не го врзува за некој конкретен локалитет. Така Русија ја има својата Јасна Полјана, Америка Бафало, а Шпанија Герника. Ако е така, тогаш и Македонија го има својот – Галичник.







Куклица -село во Кратово и камените кукли
Куклица е мало село од раштркан тип кое се наоѓа 8 км северозападно од Кратово. Сместено е на десната долинска страна на Крива Река, во нејзиното средно сливно подрачје, на надморска височина од 430 до 700 метри.
194.jpg

Легендата вели дека многу одамна во селото Куклица се случила голема трагедија. Момчето, во кое една девојка била бескрајно вљубена, се оженило со друга, поради што разочараната девојка ги проколнала младенците. Кога дошол свадбениот ден, навидум се било во ред: се собрале сватовите, стасале и другите гости, веселбата почнала. Во моментот кога младенците се бакнале, клетвата се остварила и сите свадбари се скамениле.
345.jpg

Скаменетите свадбари и денес сведочат за гневот и за болката на несреќната девојка. Селаните го викаат местото “Весела свадба” зашто сватовите останале насмеани, а младенците се скамениле во нежна прегратка. Поради овие скаменети “кукли”, и местото го добило своето име – Куклица.
257.jpg

Со малку фантазија, секој посетител може да си ги дополни празнините во приказната, бидејќи не се знае што се случило со девојката што ја фрлила клетвата. Мештаните раскажуваат дека нивните предци се обиделе да ја растурат клетвата на вљубената девојка, но не успеале.
Научниците, пак, велат дека камените фигури се создале пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата.
Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала “кукли” повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Како и да е, ваква “свадба” нема никаде на светот и ова место е заштитено од Агенцијата за природни реткости при Министерството за животна средина.

Катланово

%D0%9A%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B1%D0%B0%D1%9A%D0%B01.jpg

Велат, во Македонија кај и да копнеш ќе најдеш нешто античко. Но, има и такви работи кои не мора да ги ископаме, кои се наоѓаат на површината, но не ги гледаме и речиси ништо не знаеме за нив. За жал, ние не го цениме она што во нашата татковина го оставиле предците и често кон тоа наследство се однесуваме неодговорно и недоволно го чуваме.

Во близина на Скопје, во катлановско, има две села кои се поврзуваат со родното место на славниот император Јустинијан и неговата мајка. Поточно, Јустинијан е роден во Таурисиум, а неговата мајка е од Бадеријана. До ден-денес овие села ги имаат речиси истите имиња: Таор и Бадар. Во археолошкиот локалитет Таор веќе се пронајдени интересни артефакти кои го докажуваат присуството на Јустинијан.

Посетата на Катланово ќе ви биде и дар за телото, не смао за душата, затоа што имате можност за одличени третмани во велнес центарот.



 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Викенд предлог: с. Слепче, Демирхисарско

Селото Слепче се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, сместено е во источните падини на Илиница, огранок на Бигла, на 680 метри надморска височнина, опкружено со дабови шуми, недопрена природа и бистри води. Пријатната клима и чистиот воздух се вистински можности за одмор од градскиот метеж.
Селото Слепче сообраќајно е многу пристапно и на само 4 км од Демир Хисар. Оддалеченоста од Скопје изнесува 175 км или околу 3 часа возење, а од Прилеп е точно 40 км или помалку од еден час. Патот до самото село е модерен, асфалтен и со улично осветлување.
Според легендата селото Слепче настанало од самоиловите ослепени војници, по беласичката битка, иако постојат археолошки наоди уште од римскиот период. Слепче дало големи и значајни личности за историјата на македонскиот народ. Висарион Дебарски – најплоден средновековен книжевник, Сисој, Матеј Слепчански, првоборецот Петар Лутовски, писателот Стојан Попов суден и прогонуван за независноста на Македонија и уште многу други.
300px-%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80_%D0%A1%D0%B2._%D0%88%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%B5%D1%87%D0%B0_-_%D0%A1%D0%BB%D0%B5%D0%BF%D1%87%D0%B5.JPG
Слепче денес брои околу 700 жители, тука ќе сретнете прекрасни куќи со уредени дворови вклопени во склад со природата. Но да бидете во Слепче, а да не го посетите манастирот св. Јован Претеча е исто како да не сте биле. Според пишаните извори манастирот датира од 14 век, а легендата вели дека го изградила Самоиловата ќерка Косара на почетокот на 11 век. Манастирот е познат како еден од најголемите книжевно уметнички центри во средниот век во Македонија. Во него егзистирала познатата Слепчанско – Прилепска резбарска школа. Манастирската црква ја опкружуваат старите конаци кои неодамна беа целосно реконструирани и опремени за престој на гости. Вистинска атракција е северната манастирска порта која е издупчена од куршумите на турскиот аскер.
На 3 км од манастирот Св. Јован се наоѓа манастирот Добромирово, возобновен пред 50 години. Манастирската црква е посветена на Пресвета Богородица. Манастирот е идеален за ловен туризам, затоа кај населението е познат како манастир на ловџиите и
images
располага со сместувачки капацитети. Патот до него е земјен, но прооден за возила.
Туристичката понуда на Слепче не би била комплетна доколку не ја споменеме гостилницата Вила Горна Куќа која се наоѓа во неповторлив амбиент, со поглед кон манастирот. Тука ќе можете да ги вкусите традиционалните јадења кои се типични за Слепче, како зелник со праз, питулици со лук, сезонските специјалитети од печурки, селскиот леб, јаре печено во фурна и неизбежните специјалитети на скара. Овде за момент ќе заборавите на вашите постојани грижи и ќе уживате во мирот и спокојот што може да биде нарушен единствено од птиците и неколкуте потоци.
images
Во непосредна близина на Слепче (1 км) се наоѓа живописното Струговско Езеро кое нуди можност за риболов и рекреација. На само 15 км од Слепче се наоѓа историското Смилево, родното село на револуционерот Даме Груев. Тука ќе се сретнете со неповторливата мијачка архикектура, мемориијалниот музеј на Смилевскиот Конгрес, Спомен паркот и родната куќа на Даме Груев. Доколку сте љубител на археолошкото наследство може да го посетите локалитетот Браунион (Градиште) во близина на Црна Река на само 4 км од Слепче. Исто така на оддалеченост од 22 км се наоѓа изворот на Црна Река најголемата десна притока на Вардар.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Викенд предлог: Белица (Порече)
Името Белица во Р. Македонија како и во нејзината околина често се користи за именување на одредени географски појави, особено е користено за именување на населбите. Денес во Р. Македонија под ова име се среќаваат 4 селски населби, од кои две се среќаваат во Струшк
542016_3436045132228_1003458354_32881966_466449564_n-300x237.jpg
о, една во Кичевско и една во областа Порече. Во оваа прилика ќе се задржиме на Поречката Белица, која се наоѓа во централните делови на Република Македонија, поточно во недопреното Порече. Лоцирана е во подножјето на планинскиот масив ,,Мокра‘‘ (Јакупица) т.е. во подножјето на планините Караџица, Перчулица и Даутица. Белица е дел од општина Македонски Брод, а од општинскиот центар е одалечена 32 км. До неа се стигнува преку асфалтен пат во должина од 4,5 км, кој е надоврзан на локалниот пат М.Брод – Здуње. Белица зафаќа голем атар со површина од 89 км ², чии делови се издигнуваат преку 2.000 метри (Караџица 2.472 м, Перчулица 2.423 м, Даутица 2.178 м. и сл.). Селото е составено од две мала Долна Белица и Горна Белица. Долна Белица брои десетина куќи од кои повеќето се викендици, а Горна Белица има околу 80 – тина куќи. Во близина на Горна Белица (560 м.н.в.) се наоѓаат изворите на реката Белешница (Беличка Река). Главното извориште на Белешница е лоцирано на околу 100-тина метри североисточно од селото. Овој извор, претставува карстен вруток чија издашност се движи од 320 m³/s до 2,01 m³/s (12 – ти извор по големина во Р. Македонија). Беличката река иако има краток тек од околу 5 км, таа е една од најголемите притоки на реката Треска (најголема десна притока). Вливот на Белешница во Треска претставува доста познато место меѓу рибарите, кои секојдневно се среќаваат. Имено неколку километри по течението на Треска започнува акумулацијата Козјак, па затоа тој дел е доста примамлив за рибарите. Оние кои пак ќе немаат среќа
Belesnica-300x122.jpg
во риболовот, можат да се ,,излажат’’ со еден од четирите рибници, кои се среќаваат по течението на Реката Белешница. Во нив може да се најде свежа калифорниска пастрмка. Имено Реката Белешница сеуште изобилува со бистра и квалитетна вода (I – класа), па затоа во 2002 година со право е заштитена како споменик на природата. Во текот на годината Беличката река има температура од околу 9 °C, и претставува непроценливо освежување во летните денови.
Покрај реката Белешница, која е бисер на Белица, околината има уште многу што да понуди. Во непосредна близина на селото се наоѓаат 3 пештери (Момичек, Лапарница и Голубарница) кои исто така се ставени под заштита. Пештерите меѓусебно доста се извојуваат, Момичек е позната по пештерските езерца, пештерата Лапарница е најдолгата од споменативе пештери (сложена пештера со пештерски канали во должина од околу 200 метри), пештерата Голубарник е позната по пештерските бисери, како и по мистериозниот човечки череп кој е најден во неа. Пештерите се доста посетувани од спелеолозите, кои селското училиште го имаат претворено во спелеолошки ц
39258_1451256793760_1003458354_31236195_4986859_n-300x225.jpg
ентар. Исто така, непроцелниво богатство за Белица како и за нејзината околина се и боровите шуми, кои доминираат на овој простор. Доста примамливи се и високопланинските пасишта (богати со многу тревни видови, меѓу кои значително се среќава планинскиот чај), особено впечатливо е Боро Поле, кое е издигнато на пл Караџица на надморска височина од 1650/1800 метри. Покрај природните убавини, селото има доста културно-историски вредности. Во непосредна близина на селото се среќаваат 3 археолошки локалитети (Кале Миткороен, Кале Дабрава и Кале Столаатец). Белица има во функција 5 цркви (црквички): Св. Пантелејмон (централна црква, изградена во 1889 година) Св. Илија, Св. Спас, Св. Тројца и Св. Никола. Белица во минатото била доста населено место, кое броело повеќе од 400 жители. Нажалост во периодот од 1960 до 1990 година населението масовно се иселува кон градовите (Скопје, Прилеп, М.Брод и др.), па така на последниот попис во 2002 год. брои 106 жители. Денес ситуацијата е уште позагрижувачка во селото живеат околу 60 – тина жители и е под закана на целосно изумирање. Но надеж даваат викендашите кои во последниве години се повеќе се јавуваат. Секако меѓу клучните фактори за развојот на ова село е регионалниот пат Скопје – М.Брод, кој сеуште е во изградба. Селото најмногу е посетено во летниот период, особено во периодот од 1 до 15 август, во тој период мештаните ги слават христијанските слави, Св. Илија и Св. Пантелејмон. Второ наведената слава всушност е селска слава и претставува одлична прилика за собир на сите иселеници, кои во тие моменти се потсетуваат на своите корени. Во продолжение следуваат неколку фотографии, со цел што повеќе ви ги доловам убавините на Белица.
Belicaa1.jpg
Белица (Горна Белица)
580176_3436000931123_1003458354_32881939_58737785_n1.jpg
Селска плевна, во позадина пл. Караџица
Belesnica....jpg
Белешница (Беличка Река) една од најголемите притоки на реката Треска
Pole-Pcenka.jpg
Поглед кон Караџица од месноста ;,Пиралиште“
Karadzica.jpg
Пл. Караџица (2.472 м), поглед од Пл. Перчулица
Boro-Pole.jpg
Боро Поле
314222_3435991810895_1003458354_32881935_830399512_n1.jpg

Пл. Даутица