Манастир Трескавец - Прилеп
За овој манастир можам да ви зборам до утре.
Се наоѓа во близина на Прилеп, на падините под врвот Златоврв.
Се верува дека е изграден во 12., односно 13. век. Неговата разновидна архитектура укажува на разни обновувања и уривања. Подоцна бил надограден во 14. век. Во црквата се зачувани значајни Византиски фрески. Зачувани се и кујната и трпезаријата од 14. век. Планинарска патека низ карпи и ниски треви води од Прилеп до манастирот. Во манастирот често доаѓаат туристи и планинари. Најпосетуван е за празникот Богородица 28 август. Тогаш во манастирот се собираат голем број Варошани и Прилепчани да го означат овој свет ден.Црквата исто така е прекрасна, има три олтари од кои два се посветени на Пресвета Богородица и еден на Св.Јован.
Меѓутоа Трескавец треба да се доживее. Монахот Калист е еден од најпрекрасните луѓе кои што ги имам запознаено.
Зборува со таква љубов за овој манастир и со жар во очите, што би можела да го слушам со денови.
Овој манастир има доживеано два пожари и пак успева да си издигне. Изгореле само конаците, а црквата и старата терпезарија и кујна не. Прилепчани со својата огромна лубов кон манастирот успеваат да соберат доволно средства за пак да го спасат манастирот, и тоа без ничива помош. Има многу богата историја, и посебен шарм што те тера секој пат одново и одново да се враќаш. Милчо Манчевски има снимано сцени во манастирот за филмовите Пред дождот и Прашина.
Монах Калист(овој човек буквално ми го смени животот)
(штета што не можам да ставам свои слики)
http://www.mn.mk/kultura/2714 - преданија и легенди за манастирот