Велигденски јајца

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,916
393
Fukushima
www.gonzo.com
Јас како голем онака ептен супер христијанин вапцам јајца у четврток сабајле, а у петок навечер давам пар јајца на добра христијанска душа што сака да размени искуства со мене
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Обожавам да ги бојадисувам велигденските јајца, последните неколку години ги правам со кристали.
EasterEggsGetty460.gif


painted-easter-eggs.jpg


dyed-easter-eggs.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marrie

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
во моиве 21 година ако сум изел 21 велигденско јајце. Порано на училиште ги чкрткавме, претежно ми било за кршењето...
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Еве ги тие со салфетки, како се прават погоре пишува.

mvi32t.jpg

6fv8dv.jpg
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
14DBCC3663B56040960B7D5DDD1AAA99.jpg

Мрежа шара
Доколку имате вреќичка - мрежа од компири или, пак, некој друг производ, можете да ја употребите за да ги украсите велигденските јајца. Завиткајте го секое јајце одделно во вреќичката, врзете ја со конец и исечете го вишокот. Внимавајте мрежата да не биде лабава за да може убаво да се исцртаат контурите на јајцето. Откако ќе го вапсате јајцето во саканата боја, оставете да се олади и потоа внимателно отстранете ја мрежата.

9AE7EB3E841EC145BFD7F4D43673C048.jpg

Јајце со кристали
Додадете кристали во садот и оставете ги заедно со јајцата да се варат околу 10-15 минути...
Тргнете го садот од оган за да се олади се' додека на јајцата не се појават кристалите.
Потоа, земете едно крпче натопено во саканата боја и полека тапкајте го јајцето....

EasterEggs1x.jpg

Украсување на јајцата со ливчиња
Ова е најчесто употребуван начин за шарање на јајцата.
Соберете ливчиња од разновидни растенија што изгледаат атрактивно како шара на јајце.
Ставете го ливчето на јајцето, притоа внимавајќи да не го свиткате....
заврзете го јајцето во најлон чорап и затегнете со врзување јазол. Потоа, вапсајте ги јајцата.
Откако ќе бидат вапсани во саканиот тон, извадете ги, оставете една минута да се исцедат...
пресечете ги чорапите и внимателно отстранете ги ливчињата.

Бојадисување на природен начин
Доколку сакате да ги бојадисате јајцата како што тоа го правеле домаќинките порано, кога немало купечка боја во кесичка, треба да ги одберете правилните продукти од природата. И тоа за кафеава боја во тенџерето каде што ќе се варат јајцата додајте лушпи кромид, за портокалова боја рендан морков, за светложолта цветови од камилица, за виолетова и темноцрвена боја цвекло, а за светлоцрвена ’рдоква или кора од врба. Иако можеби звучи тешко, воопшто не е – на почетокот измијте ги јајцата и ставете ги во тенџере. Додадете сол и оцет и соодветни зеленчуци и тревки во зависност од бојата што сакате да ја добиете. Имајте на ум дека колку повеќе ги оставате јајцата во подготвената течност толку поинтензивна боја ќе добијат.

Создавање на камени (мермерни) јајца
Ќе добиете јајца што ќе изгледаат како камени доколку пред бојадисувањето ги завиткате во газа. Вака завиткани ставете ги јајцата во сад со сина боја. Откога ќе се сварат, отстранете ја газата и ќе добиете јајца со најразлични шари што ќе се прелеваат од светла- до темно-сина боја.

Бојадисување со кујнски ластичиња и восочни форми
Интересна шара добиваат и јајцата на кои пред да ги потопите во бојата сте им нанеле кујнски ластичиња во различни насоки. По боењето, отстранете ги ластичињата. Сличен ефект се добива и со помош на восочни форми. Со помош на вжештено перо нанесете восок на јајцата во различни форми. Потопете ги во бојата, а кога ќе се сварат отстранете го восокот. Делот на кој бил восокот, односно ластичињата останува необоен.
Бојадисување со желатинова боја
За сјајни и седефни јајца се препорачува бојадисувањето јајца со желатинова боја. Бојата е сместена во специјални капалки што се загреваат во чаша со топла вода и се накапуваат на сварени и подоладени јајца. Конечниот резултат е секогаш уникатен. Запомнете – белите јајца полесно пукаат и се кршат и се бојадисуваат во посветла нијанса од жолтите јајца.

Одберете некој од многуте начини на бојадисување или ако не сакате да експериментирате купете самолепливи налепници што ќе ги залепите на обоените јајца. За задоволството да биде поголемо и да го проширите празничниот дух во семејството поканете мали помошници при декорирањето. Децата секогаш се радуваат во украсувањето па вклучете ги и нив во боењето на јајцата со темперни бои, лепењето налепници и сликички. Задоволството е заемно и гарантирано!
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
thumb.php

Доколку сакате малку поинакви, а интересни јајца за овој Велигден пробајте го следново:
Потребно ви е стара свилена вратоврска, 100% свила. За поубав изглед на јајцата би било убаво ако имате вратоврска со светли бои која сакате да ја уништите. Отстранете ги рабовите на вратоврската за да нема бели делови на јајцето. Потоа убаво замотајте го јајцето и цврсто врзете го со конец на врвот. Потоа врзете го целото јајце со конец, убаво замотајте го за да се прицврсти материјалот до лушпата подобро. Потоа одозгора замотајте ги со памучни ленти, од некоја јастучница на пример. Убаво прицврстете ги со конец. Ставете ги јајцата да се варат 20 минути во вода во која имате ставено ¼ шолја оцет. Откако ќе поминат 20 минути, ставете ги јајцата во ладна вода да отстојат уште 10 минути. Бојата од свилената вратоврска ќе се отслика на јајцето.
168.jpg

248.jpg

342.jpg

435.jpg

529.jpg

630.jpg

727.jpg
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Офарбајте ги јајцата со овошје и зеленчук


thumb.php

Оние бои од кесички се нездрави и полни со хемикалии. Често се случува јајцата да напукнат при варењето, па при процесот на фарбање да навлезе боја во пукнатините на јајцата. На тој начин ние внесуваме многу штетни состојки во организмот. Можеби треба да го пробате и овој начин на фарбање на јајца, на пример со овошје и зеленчук.
Правилото е едноставно- на литар вода ставете 800 гр исецкано овошје или зеленчук.
За јако розева боја ставете еден литар врела вода исецкано цвекло, две лажички оцет. Ако во оваа смеса ставите и сок од брусница ќе добиете интензивна црвена боја.
За жолта боја, постапката е иста само што во водата ќе ставите исецкана кора од портокал.
За небесно сина боја исецкајте една главица црвена зелка. Прелијте ја со врела вода и оставете ја нека поврие. Извадете ја зелката и ставете ги јајцата. Ако сините јајца ги варите во вода со лушпи од кромид ќе добиете виолетови јајца.
За нежно зелена боја, варете ги јајцата во вода во која сте вареле кељ, спанаќ, коприва.
За да добијат убав сјај јајцата, откако ќе се офарбаат јајцата оставете ги убаво да се исушат, а потоа поминете со памук во кој сте ставиле малку масло.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: dangeloska