Сеуште
На усниве имам траг од пепел,
со кој ја прегрнував земјата,
но сеуште можам да бакнувам со нив,
сеуште во градиве немам срце,
но носам сребрено виножито што ја бои крвта истечена со ноќта,
чекорите ми се ѕвездени и ја длабат секоја карпа расцутена од дождот,
пред него и после него,
јас стојам соголен со прашања и уште толку одговори,
сами,
конечно сам и не лутам во бунарот со желби и илузии,
посакувам и се раѓам,
нов,
жеден за смисол и допир,
да го наситам волкот во мене,
уште еднаш,
со туѓ кармин да ја бакнам иднината,
долго,
долго не бев јас,
и не ми е важно кој на кого личи,
само да сум некој,
чиј последен час е негов,
со гранката на ветрот,
која не се крши,
раскажан со зборот потрошен,
кој има име,
што не лаже кога е потребно,
и патува самиот за себе,
од мене до денот преку мене,
со сонлива магла надоен,
но сеуште гладен.
На усниве имам траг од пепел,
со кој ја прегрнував земјата,
но сеуште можам да бакнувам со нив,
сеуште во градиве немам срце,
но носам сребрено виножито што ја бои крвта истечена со ноќта,
чекорите ми се ѕвездени и ја длабат секоја карпа расцутена од дождот,
пред него и после него,
јас стојам соголен со прашања и уште толку одговори,
сами,
конечно сам и не лутам во бунарот со желби и илузии,
посакувам и се раѓам,
нов,
жеден за смисол и допир,
да го наситам волкот во мене,
уште еднаш,
со туѓ кармин да ја бакнам иднината,
долго,
долго не бев јас,
и не ми е важно кој на кого личи,
само да сум некој,
чиј последен час е негов,
со гранката на ветрот,
која не се крши,
раскажан со зборот потрошен,
кој има име,
што не лаже кога е потребно,
и патува самиот за себе,
од мене до денот преку мене,
со сонлива магла надоен,
но сеуште гладен.