Не заробувај ме во нелогичноста на љубовта,
не ранувај ме со срцето на блудноста,
ќе останеш во минливоста на времето со мене,
без мене,
мојата осаменост,
така само понекогаш,
те разголува меѓу сонот и јавето,
барајќи те во парче ткаенина од муграта сребрена,
да ме разбудиш нескротливо,
со твоето крштевање,
и виното сокриено,
во грлото на сите суводолици
кои го параат мојот лик од коприна,
пишувајќи ми една песна,
расцветувајќи го огнот во градиве,
кој пламнува раскошно на гранките,
и плете се човечко во мене,
да те допре во некои други простори да изгреваш,
во ореолот на светците да постоиш,
прости ми,
што понекогаш,
мојата копнеж за далечините,
се напива од твојата бистра вода што венее и шумоли сама на ридот,
носејќи ми ја сета твоја женска гордост,
што почива врз брановите немирни на твојот град,
кои исчезнуваат,
со модриот дожд,
врз асфалтот кој те краде од образиве,
и ги газиш босонога без лузна,
сокривајќи ја мојата прогонета крв во секој твој чекор,
кој заминува бесмртно во ноќта.