Бројаница - предание и верување во нејзината моќ

Колку бројаници носите и каква боја се?


  • Вкупно гласале
    8

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
Дали вие лично носите бројаници ? Црна или во друга боја? За што мислите дека ви служи? Украс, верба, за додаток при молитва или нешто сосема друго? Прочитајте го текстов кој беше објавен во Нова Македонија во кој се зборува за бројаниците...

Јас лично носам црна, црвена, винова и сребрена на левата рака и ми слушат за верба во бога и како украс
69-725-large.jpg



Господи Исусе Христе, сине божји, помилуј ме грешниот! Собирајќи ги мислите од лутање, со тивок шепот, верниците ја повторуваат оваа Исусова молитва, допирајќи го посебно секое топче од бројаницата. Велат дека целта на молитвата е да го соедини човекот со Бог и да го исполни неговото срце со светлината на божествената благодат. Вака теолозите го објаснуваат значењето на молитвата со бројаница, која многумина ја сметаат само за украс на раката, без да го знаат нејзиното суштинско значење. Интересна е, пак, појавата на оние што се декларираат како атеисти, а носат накит со верски симболи, како што се синџирчињата и алките со бројаници. Инаку, бројаницата се смета за еден од најстарите начини на молитва, која особено ја негуваат православните монаси, а со која се брои изговорената молитва, а секој јазол од бројаницата означува едно кажување на молитвата. - Бројаницата е молитвено оружје на монасите, монахињите и на сите христијани. По замонашувањето секој монах добива бројаница од својот духовен отец. Таа е молитвен меч за прогонување нечисти сили - напишал теологот Ратомир Гроздановски, професорот на Богословскиот факултет на својата интернет-страница. Освен молитвите што се наоѓаат во молитвеникот и се читаат во одредено време од денот, црквата ги благословува верниците своите молитви да можат да ги дополнат или заменат со кратки молитви што почесто се повторуваат. Сметаат дека токму бројаницата може да им помогне во тоа. Свештениците велат дека бројаницата се држи во левата рака, а со палецот и показалецот се одбројува секоја кажана молитва со по еден јазол. - Бројаниците најчесто се изработуваат од црна волна, или свиленкаст конец, поради црната боја, која се смета за симбол на покајанието. Но можат да се најдат и во најразлични бои. Најмалите бројаници имаат по 33 јазли, што ги симболизираат годините на Исус. Постојат и бројаници со 50 и 100 јазли. Монасите понекогаш користат бројаници со 300, 500 или 1.000 јазли - објаснува свештеник од скопската епархија. Според преданието, свештениците раскажуваат дека околу четвртиот век по Христа, некој монах сакал да направи волнена бројаница за да ги одбројува своите молитви. Демоните му правеле искушенија расплетувајќи му ги јазлите што дотогаш самиот едноставно ги правел заради што не можел да го извршува целосно своето молитвено правило. Еднаш му се јавил ангел господов и го научил да плете јазли, кои се состоеле од по седум исплетени крста. Таквиот јазол е еден од најсложените во светот. Се смета дека така направената бројаница ѓаволот не можел да ја расплете. Теологот Гроздановски истакна дека е добро молитвата да се кажува редовно, во одредено време на денот, односно наутро и навечер. Тоа помага умот полесно и побрзо да се концентрира на зборовите од молитвата. Верниците можат да се молат секогаш и насекаде, а тоа да не го знае никој друг, освен Господ, кому и му е посветена молитвата. Молитвата, според Гроздановски, треба да се извршува во покајание и смирение.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and antonio

FallenAngel

Староседелец
5 декември 2012
601
402
1,073
Eupen
А зошто во анкетата нема „Немам“? Се осеќам дискриминирано, си ги барам своите права!


Не сметав дека постои македонец кој не носи бројаница. Тие што немаат нека напишат само немам. Неможам да ја изменам анкетата за жал.
 

Holla

Истакнат Член
17 јуни 2014
162
90
338
Хаха .. бројаници носат само они побожните .. религиозните хах ...
А ако веќе имаат моќ .. онда да направиме бизнис пошто јас плетам такви .... па .. хмм ?

Не сметав дека постои македонец кој не носи бројаница. Тие што немаат нека напишат само немам. Неможам да ја изменам анкетата за жал.
Иначе добро ти иде со анкетата ...
(чудно и од Близу ми правеа анкета денеска, да не работиш таму?) :p
Kiddin'
 

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Не сметав дека постои македонец кој не носи бројаница. Тие што немаат нека напишат само немам. Неможам да ја изменам анкетата за жал.
This :rofl
По која логика заклучи дека нема таков македонец кој не носи бројаница? Мене не ми е јасно суеверието во вакви работи. Носела среќа, немогуќе. Има милион поубави алки за на рака од бројанициве, кои мислам потекнуваат од муслиманскиот свет.Сме гледале на македонски народни приказни, турци со бројаници во рака. А оваа е уште еден бизнис на црквата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Holla, Lady* and malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Бројаницата се користи за кажување на мантри или пак молитви како и лични автосугестии.Со повторување на истите се тренира подсвеста како што напиша Мало.На секој чвор,молитва.Чинам имаат 33 чворчиња.
Сум видела кај стари муслимани нешто слично кое ја има истата цел.
Ланче со кругчиња(има одреден број на кругчиња)и го вртат низ прстите.На секое кругче се молат.
Бројаниците купени во црква се изработени од монаси кои живеат по манастирите во Мк.и немаат никаква "заштитничка моќ",освен нормално ако силно се верува дека бројаниците ја имаат таа моќ,тогаш ќе ја има.
 

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Бројаницата се користи за кажување на мантри или пак молитви како и лични автосугестии.Со повторување на истите се тренира подсвеста како што напиша Мало.На секој чвор,молитва.Чинам имаат 33 чворчиња.
Сум видела кај стари муслимани нешто слично кое ја има истата цел.
Ланче со кругчиња(има одреден број на кругчиња)и го вртат низ прстите.На секое кругче се молат.
Бројаниците купени во црква се изработени од монаси кои живеат по манастирите во Мк.и немаат никаква "заштитничка моќ",освен нормално ако силно се верува дека бројаниците ја имаат таа моќ,тогаш ќе ја има.
Плацебо?