Бираат ли продавачите потрошувачи?

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=89165553033E244696F7353BE9FF8F7A
Инспириран од приказната која штотуку ја прочитав,ме интересира вашето мислење на оваа тема. Понекогаш продавачите знаат да бидат доста нељубезни (да не речам безобразни) кон нивните муштерии. Што мислите за ваквото нивно однесување?Дали треба да се казни со на пример намалување на платата или можеби отказ?Иако не живееме веќе во времињата кога луѓето биле поделени на класи,сепак се чини дека некои луѓе тоа воопшто не го согледуваат.Сте имале ли некое вакво искуство?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Nightmare_f

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com

Уште кога почнував да работам по занает, т.е гипсар формиравме мала екипа најблиските другари кои што работевме приватно (непријавени) по станови.
Ми текнува дека ни се јави еден човек од с.Мирковци.Сакаше куќата од 300 квадрати да има спуштен плафон, опшивки на прозори, врати.Топ платена работа.2000 евра за 4 дена.
И ајде идеме.Товариме колата и идеме.
Стигнавме.Таму имаше еден стар дедо, кој имаше волнени чорапи а врз нив гумени чизми под глужд.Каллив до немај каде.Куќата трошна, да ти е страв штрафилица да забрчи мислиш куќата ќе ти падне.
На прв поглед си помислив
-Апла селска куќа, ама дали овие луѓе знаат колку чини метар квадратен гипс? Колку е работна рака? Ќе ми платат или нема да ми платат.
Почнав да ги прашувам детално што сакаат како сакаат.Никако да прашам дали имаат пари да платат.Знам дека они ја почувствуваа мојата несигурност.
Зборовите беа:
Дете не се плаши, можеби сме сиромашни на изглед, ама сме богати во душа.Си имаме ниви си имаме пиперки, патлиџани, жито, кромид..почна да ми објаснува жената.
И ајде.Што било тоа да не биде.Нема првпат да ни го турат курот да не ни платат.Немавме шо да изгубиме.

Сработивме.Во меѓувреме женичката заедно со дедото испекоа прасе.Секој ден на пладне имавме гозба од месо, салати, винце домашно, сиренце домашно.
Кејфови.
На крај човекот плати, му направив попуст неверојатен, испадна само да си го исплатиме материјалот и превозот секој ден од центар до ск.црна гора.

Доаѓаме вечерта кај мене дома со другарите.И си зборевме.
Колку стварно може изгледот да излаже.Колку само не се гледа дали си богат однадвор.Колку само тие луѓе не угостија како нивни деца да сме.
Од тогаш, некој да ми рече од оваа картонска кутија напрај ми вила од 1000 квадрати и базен обложен со аква панели ќе направам без око да ми трепне :)

И да знаете, кој е продавач или услужител или што и да е.
Секогаш повеќе пари ќе добиете од оној кој што мислите дека нема пари, отколку од оној што мислите дека е пребогат.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Во право си Шмекси изгледот може мн да излаже. Штета што кај нас продавачите се толку мизерни во себеси, па судат на изглед на човек , затоа мислам дека е потребно да се воведе курс за продавачи или нешто слично за да може она - "Добар ден" да биде возвратено и од нивна страна (со исклучоци ) , а не ко некои - повеќето што се прават на будала кога влезеш и излезеш. Денешницава стана толку мизерна од такви луѓе што дури и да си поштен нема никој да сети..
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,068
113
Скопје
www.statik-group.com
Во право си Шмекси изгледот може мн да излаже. Штета што кај нас продавачите се толку мизерни во себеси, па судат на изглед на човек , затоа мислам дека е потребно да се воведе курс за продавачи или нешто слично за да може она - "Добар ден" да биде возвратено и од нивна страна (со исклучоци ) , а не ко некои - повеќето што се прават на будала кога влезеш и излезеш. Денешницава стана толку мизерна од такви луѓе што дури и да си поштен нема никој да сети..

Знаеш што е целата работа?
Прост пример:
Вработена си во фирма за бои и лакови.Земаш 16.000 денари.Твојот газда дневно вади 3 твои плати особено ао има компјутерско мешање на бои и нијансирање.И сеа тебе ти влегува муштерија.А ти така ненаспана, синоќа си се карала со дечкото, си ги сјебала сите пари.Едноставно немаш волја за работа.
Муштеријата не добива никаква услуга.Добива дрскост од твоја страна и неуслужливост.И на крај ќе си излезе со празни раце.
Ама тебе што ти е гајле.Ти битно си земаш фиксна плата.Ти е гајле дали некој ќе купи нешо или не.

А сеа во случај ти да си газдарица во истата ситуација.Ќе направиш се за да муштеријата ти направи промет и да излезе од продавница задоволен за да се врати пак и пак да ти направи промет.Па ако треба секое доаѓање ќе го прашуваш на која страна му стои.

Е од тоа патат македонците.Такви паразити викаат дека нема работа и дека мала им била платата.Па да ги услужуваш луѓето и да имаш фул промет сигурно би добила и покачување на плата а и сигурно повисоко работно место.
Ама знаеш тука е муабетот : Абе кој газда ќе ти даде покачување сите приватњаци тој едвај ме пријави, секој ден бара да има многу промет и слично.
 
BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Муабетот кај таквите е " Да му умре магарето на комшијата " , не дека таа сиротата не ја пријавиле , ја пријавиле ама сака од седење на столица да зима 16,000 денари, и затоа секој втор месец се бара нова продавачка во некој бутик или продажен салон , да работела во нејзина фирма во која пресудно ке биде нејзиното однесување или пример продажен агент и да е на процент или слично да видиш колку ке биде фина и сите овци ке и се на број :sreken
Секоја работа си има своја тежина и треба да ја сноси ако сака да биде успешна во нештото.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and 4FUN

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Многу ме нервираат дрски,неуслужливи и мрзливи продавачи...Ако така ми се испонаша продавач јас повеќе во тоа место не влегувам...Неодамна една таква ...и барав број на кошула и ми вели -Ќе купуваш да барам или не???? -Молааааам, па како да знам дека ќе купам ако не сум се видела на што ќе личам во кошулата...Во ред е немој да се мачиш...
Мислам и мене ми е професијата со луѓе и не секогаш сум распложена и не ми цветаат секогаш рози ама па не ми се криви луѓето па така да се понашам...
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153

Сигурно би изгледала екстравагантно :)
Не знам дали се сеќаваш, ама во времето кога беа продавниците државни, продавачките беа уште по некултурни. Јас порано не се сеќавам да видов насмеана продавачка, се тоа пламени јазици испуштаа низ очи.
Сега се наоѓа по некоја што е фина со сите...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Сигурно би изгледала екстравагантно :)
Не знам дали се сеќаваш, ама во времето кога беа продавниците државни, продавачките беа уште по некултурни. Јас порано не се сеќавам да видов насмеана продавачка, се тоа пламени јазици испуштаа низ очи.
Сега се наоѓа по некоја што е фина со сите...
Памтам зашто мајка ми ме влечкаше секогаш по продавници...и во фацата секогаш беа како да се пишман што се родени...а јас посебно им се восхитувам на оние продавачи/чки кои се толку умешни и кои ќе ти “подвалат“ да купиш и нешто што не си планирал...алал да им е....
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Памтам зашто мајка ми ме влечкаше секогаш по продавници...и во фацата секогаш беа како да се пишман што се родени...а јас посебно им се восхитувам на оние продавачи/чки кои се толку умешни и кои ќе ти “подвалат“ да купиш и нешто што не си планирал...алал да им е....
Тоа се оние кои се родени со „шљив“ за трговци.
Јас да бидам искрен... облека купувам само од една продавница, и специјално за продавачката.
Да видиш колку е само... прекрасна комбинација. Не многу висока, ама градена...квалитетно на сите места, насмеана, љубезна, па те тера да се облечеш да те види, па ќе прокоментира. Ќе рече „тебе повеќе ти стои црна боја“ - или што и да е.
И да ти е мерак да купуваш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Абе не можеме да ги ставиме сите во ист кош. Зависи и газдата колку е заинтересиран за да ги поднаучи своите вработени, зависи и вработените колку искуство имаат и најважно култура, зависи и муштериите какво однесување имаат и какви вибрации пренесуваат.

Јас кога работев во Америка, мене ме учеа да бидам толку добро расположена и културна кон муштериите, што веднаш кога ќе влезеше некој, му викав: "Hi! How are you?, "How're you doing?", после на заминување: "Have a great day" и слично. Секогаш насмеана, ма како и да се чувствуваш во моментот, дури и физички да ти е лошо. Секогаш подготвена да помогнеш на било кој начин, секогаш интеракција со луѓето, ако се подолго присутни ги прашуваш дали им е потребна помош. Уште нешто што мислам дека никогаш нема да го видам тука. Продавам играчка, после пола саат/саат ми доаѓа муштеријата со купената играчка, но скршена. Ми вика, веднаш се скрши (демек, како тоа може), сакам замена. И му правиш замена. Значи, детето негово сигурно ја треснала од земја уште во првото играње и виновни се производителите за наводно слабо направена играчка и продавницата која им ја продала.

Поентата ми е дека НЕ СМЕАТ продавачите да бираат муштерии. Мене не ми сметало дали муштеријата е белец, црнец, азиец, маж, жена, стар, млад, дете, американец, странец,... Продавницата е зависна од муштеријата. Продавницата добива профит од муштеријата која им го купува производот. Поради тоа, продавачите мораат да нудат врвна услуга. На муштеријата гајле му е како се чувствува физички/психички продавачот, тој е дојден во неговата продавница да остави пари.