Погледнете колку е само слатко ова белградско кафуле, "Смоквица". Место за шик луѓе,слатки колачиња и Мохито коктели..
. Уживајте под смоквините сенки на оваа прекрасно уредена летна тераса во Белград. Се наоѓа во двор на стара преуредена куќа , улица "Kralja Petra" 73,во случај да ве носи патот натаму..
А ако веќе стигнете до Белград, не заборавајте да го посетите "Remake" каде што ќе најдете многу уникатни работи . Станува збор за редизајнирани стари предмети дело на стилистката Jovana Božović и сликарката Antea Arizanović. Керамички чинии со интересни принтови, ламби од чајници,свеќи во шолји за чај и уште мноогууу слатки работи ве чекаат таму.







Секако, тука ќе го спомнеме и Проваси.
Ах тој совршен Белград .. Толку многу го сакам и едвај чекам да одам наскоро , а сосема логично и зошто .. Има толку многу преубави места кој ќе ве исполнат со позитивна енергија и ќе ви донесат широка насмевка на лицето .. Едно такво место е и
Provasi
, шармантно кафуле со преубав амбиент , бели столчиња со цветен принт , голем лустер украсен со цвеќе .. Да бев белграѓанка секој ден ќе го минував тука , пишувајќи на форумов и пиејќи вкусно кафе .. а може и по некое парче торта .. неодоливо изгледа .. Местото дава инспирација ..





