БаскерФест 2013

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Осмото издание на фестивалот „Баскерфест“ се одржува на повеќе локации во Скопје во периодот од 14 до 23 јуни. Организаторите најавуваат единствена атракција под отворено небо со повеќе од 100 интернационални артисти со нови и досега невидени настани, но и богата музичка програма и 30 концерти на бендови и диџеи од земјава и регионот.
Годинава Баскерфест се одржува на повеќе места во Македонија(Гевгелија,Дојран..)

БАСКЕР ФЕСТ е првиот меѓународен и мултикултурен уличен фестивал во Македонија, признат како најголем настан од ваков тип во регионот. Во 2006 година се случи дебито на Баскер Фест и се покажа како успешно со програма каде што беа вклучени повеќе од 50 артисти, акробати, танчери, магионичари, музичари, жонглери. Оваа традиција се продолжува секоја година со се повеќе учесници ширум светот како САД, Германија, Јапонија, Боливија, Италија, Полска, Канада, Аргентина, Австралија и други земји.
Фестивалот е со уникатен концепт и нова понуда за публиката, уживанција од десет дена целосно исполнети со фестивалско искуство и слобода на еден сосема нов начин, атракција под отворено небо која преку ноќ го претвора Скопје во “стрит-арт”. Покрај уличните артисти и музика во живо, Баскер нуди низа различни понуди како претстави, пантомима перформански, креативни активности, ликовни изложби, базар на ракотворби, работилници и улични танчери!
Прашања до вас ЦрноБели,
Дали го посетувате овој уличен фестивал?Какви се вашите впечатоци?Дали би одвоиле посебно некоја атракција?

Програма
5548701EB2C5C74EA8F08A72C6A01914.jpg

AD744D2797B90A468D16B681EEE0E3FB.jpg
E593C65A5B42BC4E9096D8F2844221AD.jpg
B745738D4DE921448A362B943375CF52.jpg
909097D7B5677E4E881EDC827CAE2C22.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Се сеќавам дека бев прва или втора година средно кога првпат отидов на Баскерфест.
Всушност, поминувајќи низ улица Македонија со друагрките сфативме дека се случува нешто и така од едно купче со луѓе се префрлавме на друго и воодушевено гледавме разни акробации, танци и божемни магии.
Навистина беше посетен уличен фестивал, со многу случувања кои беа интересни и го одвлекуваа вниманието.
Помнам дека не сакав да си одам дома дури и по цели два часа поминати на плоштад и на улица Македонија... и секој ден после училиште неуморно ги следевме приредените уметности кои го воодушевууваа и оживуваа Скопје...
Но, со текот на годините Баскерфест го изгуби сјајот, стана досаден, празен и монотон.
Секоја година се помалку луѓе кои го посетуваат и му се радуваат, но и се помалку танчери, магионичари и акробати.
Или јас го одраснав Баскерфест или тој навистина се промени и стана нешто кое се случува ради реда.
Сега имам впечаток дека е само мизерна копија на она што беше во првите години.

едит: Ах, и акробација која тогаш, пред 6-7 години ме воодушеви беше човекот кој беше качен на огромни штаки или што и да беа и беше превисок, мислам дека висок речиси колку тогаш непостоечкиот воин на коњ на плоштад, беше интересно облечен и се обидуваше да зборува на македонски, луѓето довикуваа зборови а тој се обидуваше да ги каже, толку интересно звучеше и акцентот му беше интересен што ете ми остана во сеќавање, особено смешно беше тоа што за јаболко викаше џаба или јаба.. така нешто : )
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Jас и Фанот идеме неколку пати и баш сме задволни.
Наместо да дремеме дома си го пополнуваме интересно времето,попатно некое кригличе пивце или некое коктелче на кеј.
Вака сеа би издвоила нешо што ми се допадна
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Ние вчера бевме , имаше едни скејтери од десната страна на камени на кејот , кои не ми беа нешто интересни а од другата страна имаше едно позитивно човече кое викна девојка од публика,играше гангам стајл и нешто друго,па после она легна доле и ја прескокнуваше со велоспиед на едно тркало(незнам како се вика) и добар беше,имаше собрано публика кај него :)

Пред некоја година имаше нешто одење по жица , незнам оваа година дали има?
JaMi сликиве не ги отвара што си ги ставила,па ако можеш напиши ја програмата. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN, i_wanna_fly and JaMi

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Лани имаше лебдиф около Воинот на коњ : )
Јутре можда киду на кратко да виду што се дешава тамо , ваљда ке лебдиф па у ваздух, интересно е увек
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Бев две години по ред, не ме воодушеви нешто посебно настанов, ама генерална забелешка ми е дека беше ок.
Ни фалат вакви работи.
Оваа година се договаравме да идеме, ама наместо тоа, си шетав цела недела по природа, си развивав селски туризам, видов прекрасни места, се прибрав вчера и не жалам ама ич, што не бев на дешавкава.