Во македонските кафулиња, ресторани и дискотеки, бакшишот не е вклучен во фискалната сметка. На таксист или на собар во хотел пак, некој да му остави бакшиш, е стварно ретка појава. Вработените во услужните дејности се оставени на милост или немилост од страна на муштериите, молејќи се во себе „дај Боже денес да добијам поголем бакшиш, за да ми падне в џеб некој денар плус“. Ова е жалосен податок со оглед на тоа што кај нас оваа работа ја работат навистина огромен број млади, а и повозрасни луѓе.
Во многу земји ширум светот (освен некои од азиските), бакшишот морате да го дадете бидејќи е вкалкулиран во самата сметка, а некаде се остава и додатно доколку сте многу задоволни од услугата. Да се надеваме дека навиките во културата еден ден ќе се променат и кај нас.
Во меѓувреме келнери: ставете широка насмевка на вашите лица додека послужувате, а вие муштериите, не бидете толку скржави, 20-30 денари нема да ве осиромашат, а на вработениот ќе му го направите работниот ден прекрасен! Погледнете каква култура постои во земјите ширум светот, во врска со оваа работа.
Велика Британија
Во повеќето делови од земјата услугата е вклучена во сметката, а доколку не е, тогаш се очекува дека гостите сами ќе се сетат дека е културно да остават. Доколку на сметката пишува дека бакшишот е опционален, тогаш од вас ќе зависи дали сакате да оставите бакшиш или не. Давањето бакшиш во пабовите, не е вообичаена пракса. Бакшишот изнесува 10-15% од вкупната цена.
Швајцарија
Иако на повеќето услужни места во цената е вклучен 15% бакшиш, оставањето додатен помал бакшиш, е исто така пракса во помодерните ресторани. Сè зависи од тоа колку сте задоволни од услугата на келнерот. Доколку се прашувате како треба да постапите, подобро оставете плус пари или прашајте некој мештанин за совет.
САД
Во Соединетите Американски Држави давањето бакшиш на луѓето кои работат во услужните дејности, е најнормална појава. Сите угостители, такси возачи, фризери и хотелиери, очекуваат да им оставите бакшиш за добро завршената работа. Тој се движи 15-20% од вкупната сума на сметката.
Канада
Исто како што е во САД, така и во Канада, бакшишот не е вклучен, но се подразбира освен доколку не си задоволен од услугата. Според тоа, бакшиш се очекува да оставите кога ќе излезете да јадете надвор или кога некој вработен во услужна дејност ќе ви заврши некаква работа. Тој изнесува 15-20%.
Франција
Французите кога јадат оброк во некој локал, најчесто оставаат 10% бакшиш од вкупниот износ на сметката. Ова е додатен бакшиш од оној стандардниот, кој го добивате вкалкулиран во самата сметка. Од друга страна, угостителите не го очекуваат тој додатен бакшиш, освен доколку муштеријата не реши сам да остави, бидејќи бил презадоволен од услугата која ја добил.
Мексико
Во оваа земја, вработените во услужните дејности преферираат да им оставите бакшиш во кеш (а не со кредитна картичка), а не им е проблем и доколку ги почестите со долари. Бакшишот се движи 10-15%.
Бразил
Во рестораните, бакшиш од 10% е најчесто вкалкулиран во самата сметка. Исто така, најчесто не очекуваат од вас да оставите додатно бакшиш по ваша желба.
Аргентина
Во рестораните каде што бакшишот не е вклучен во сметката, ако оставите околу 10% од вкупната сума, вработениот навистина ќе го цени тоа. Не се препорачува да оставате бакшиш во долари. За хотелски портир, „ќе поминете“ и со само 10 песоси.
Дали оставате бакшиш некаде? Во кафич, кафана и слично...
По колку оставате бакшиш и зошто оставате бакшиш?