Антипатичност е чувството кое го добивате кога некој човек ви е одбивен. Може и да не ја знаете точната причина зошто го добивате тоа чувство кога сте во близина на тој човек, или пак и некогаш, кога само ќе го слушнете неговото име. Сепак, нешто ви смета кај тој човек. Најчесто, ја знаете точната причина зошто го добивате тоа чувство. Ви смета како тој се однесува кон вас, или пак, кон другите. Одбивен ви е поради нешто што има направено против вас. Поради тоа, може да прерасне антипатичноста во омраза. Може некој да ви биде одбивен од физичка причина, може тој човек смрди и ви смета, на пример. Која и да е причината, најдоброто решение е да стоите подалеку од тој човек кој го буди чувството на одбивност во вас.