Ананас диета

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Потикната од муабетов на Сара, за Македонска диета со ананас , демек јадеш се освен ананас, пробуричкав и најдов една диета ама сепак баш на база на ананас :D

Е сега може да користите и ананас од конзерва, но со оглед на тоа дека свежиот е побогат со хранливи материи, одличен извор на витамини и минерали, како и ензими кои го подобруваат варењето, работата на бубрезите и спречуваат различни воспаленија , сепак е подобра варијанта.
Плус во 100 гр свеж ананас има 46 калории :)

Оваа е брза диета, во која за 5 дена се губат околу 3 кг.
Циклусите од по 5 дена може да се поновуваат, но генерална забелешка е дека после 30 дена обавезно да се направи пауза.

Мени за првиот, третиот и петиот ден:

Појадок: 1 ананас, шоља зелен чај без шеќер и една чаша ( 200 мл) јогурт немастен со мусли.
Ручек: супа од зеленчук во која ќе сварите и една лажица житарки (ориз, пченица, јачмен, пченка ...значи едно од овие по избор), обарен сезонски зеленчук ( нема ограничување во количина) и парче (кришка) ананас.
Ужина: шоља зелен чај без шекер и кришка ананас.
Вечера: 200 гр риба печена во фолија, салата ( морков, домат, пиперка...) и кришка ананас.

Мени за вториот и четвртиот ден:

Појадок: 1 чаша свежо исцеден сок од ананас, киви, портокал...
Ручек: 180 гр пилешко месо печено во рерна, печен зеленчук (може во тавче со малку маслиново масло) , две кришки интегрален двопек и кришка ананас.
Ужина: Кришка ананас и 2 дл немастен јогурт
Вечера: супа од зеленчук (тиквици, целер, морков, брокула...), 1 тврдо варено јајце, салата од свеж спанаќ и секако кришка ананас :)

Ананас диетата е прав избор за летните месеци и со нејзе не само што ќе намалите некој килограм туку и ќе го прочистите организмот. Освен тоа должината на самата диета ( 5 дена) ви овозможува да си ја прилагодите спрема вашите потреби, на пример да ја држите 2-3 пати во еден месец. Диетата е богата со хранливи материи а единствена замерка е што дневниот внес на калории е 800, па може да го корегирате со тоа што ќе пиете наместо немастен, мастен јогурт или пак кога јадете месото или рибата порцијата да ја зголемите за околу 25 %.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selma

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Кога ќе видам ананас диета, ми текнува на „се јадеш, ананас не“ :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
хахаахха глупо дете јас наместо ананас прочитав аТанас диета... си вика шо диета ке беше ова ....:rofl:rofl:rofl:rofl:rofl