Алкохолизам

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Ако алкохоличарот знаел за доволно тогаш другарче немало да се нарекува „фрик без контрола“. Нему една чашка му служи за да не му греби грлото наутро кога ќе се разбуди оти нема време да мие заби, туку мора да продолжи со шишето што му останало недопиено вечерта.
Алкохоличарот прво ќе биде Елитен. Па ќе пие коњак, вотка, пивце, текила, виски.
Потоа ќе нема пари за тоа, и ќе се „шмушка“ низ најтемните сокачиња во градот и ќе бара шљивкова за 100 денари кило, од која органите му се прават каша попара.
А ако не ги најде тие 100 денари, тешко тие околу него. Ако е женет, жена му, децата, ако не е, сестра му, брат му, мајка му, некој непознат на улица, во кафич.

Јас зборував за паметните луѓе кои знаат да се контролираат, а не за алкохоличари без граници.
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Кутијата со цигари е на масата.....ако ти посакува душичката....повели.Ако треба јас ке ти купувам само немој да го правиш истото што и твоите другарки.(ги оставаа цигарите кај мене и идеа набрзина да испусат по едно)Цигарите нема да те направат дама...велеше тој...а за здравјето па воопшто не ти се потребни.Можеби заради тоа што не ми беа забранети.........никогаш не посегнав по нив.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Јас зборував за паметните луѓе кои знаат да се контролираат, а не за алкохоличари без граници.
Е па како што гледам темава се вика АЛКОХОЛИЗАМ а тоа подразбира алкохоличари без граници, а оние што знаат за граница не се алкохоличари...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kaarikuto

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Лоша навика. Многу лоша навика...особено за луѓе со фамилии.
Еден случај: близок роднина, додека биле во врска со сопругата, се преправал дека едно пиво му е многу, до пола и го оставал. Откако се земале, маската од лице се трга,пиењето алкохол(ракија) станува секојдневен ритуал, па тука следи малтретирање,психичко и физичко, после раѓање на 3тото дете(и тоа женско како и претходните) психичко малтретирање пцуење зашто не е машко па дури и додека бебето ноќе плачело посегнал да го удри (во алкохолизирана состојба) за да се смири.
Многу отсуства од работа,пиење без повод или причина,отварање боледувања,намалување на плата,пиење за време на работа..
Се согласи да оди на лекување,месец ипол беше таму, се врати насмеан , расположен мислиш не е истиот човек. Уште максимум еден месец остана трезен, сам си призна како ги фрлал таблетите што му ги давале.
Сега откако децата пораснаа, 2те се веќе мажени, неговиот живот е: стани во 4 без разлика дали си на работа или не, кога не е седнува и пие. Додека станат другите од спиење он е веќе опиен. Па следи пцуење,ругање викање.
Имало викано полиции,пишување за казни,насилство..сето тоа е џабе.
Имало моменти и кога дома се немало пари за леб,не се ни обидува да се снајде,но важно за ракија ќе се снајде...
За секоја фамилијарна прослава неговото семејство се плаши да не направи глупост.
Живот ли е тоа ? Заслужиле ли тие деца таков татко? Додека води оро невесетата да се плаши дали татко и ќе порача алкохол или сок? Додека го храни своето бебе дома, да мисли на тоа дали татко и денес се напил и дали ја малтретира мајка и? Да немаш стабилен родител што ќе те посоветува или ќе ти даде поддршка за нешто. Животот понекогаш не е фер..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy