Акупресура

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Можеби ниедна терапија во светот не е толку стара како акупресурата. За неа се вели дека е стара колку и самиот човечки инстинкт. Така, природна реакција е да со раката го допреме местото на кое сме почувствувале болка или непријатно чувство.

Акупресурата има два пристапи: еден е „aku-yoga“, а другиот е „Do-in“.
Во првиот случај се користи длабоко дишење, притисок со прстите, медитација и истегнуавање, а во другиот случај се користи истегнување и дишење, но посебно внимание се посветува на јаките техники кои ги стимулираат акупресурните точки и меридијани.

Древна вештина

Со едноставен притисок на меридијаните, а тоа се патиштата кои ги поврзуваат површината на телото и внатрешните органи, може да се отстранат, или да се ублажат низа на тегоби, како: воспоставување на душевна и телесна хармонија и отстранување на стресот, кој пак од своја страна ја појачува болката, лекување на депресијата, нервозата, вознемираноста.
Истовремено, овие меридијани се и водичи према „chiju” (Qi) – виталната енергија, која ја поседува секое живо битие. Познато е дека меридијаните се патишта кои ги поврзуваат акупресурните точки една со друга, како и со внатрешните органи. Како што во крвните садови тече крвта која физички го одржува телото, така и меридијаните се канали по кои виталната енергија се движи низ човековото тело. Тие, всушност, претставуваат дел од комуникацискиот систем на униварзалната животна енергија, кои ги поврзуваат органите со сите сетливи, физиолошки и емотивни центри на организмот.
Некои исцелители ја поврзуваат акупресурата со вежбите на дишење, медитацијата и мудрите (различна положба на рацете), додека пак другите ја комбинирале со растителните екстракти и масажата. Како и да е, акупресурата е всушност пресофлексотерапија, која се темели на стимулирање на механорецепторите по пат на притисок во зоните на акупунктурата.
Правилната употреба да оваа техника подразбира користење на основните начела на класичната масажа: триење, разбивање, истегање, вибрации и друго. Најчесто се изведува со врвот на еден, два или три прста, а поретко со површината или базата на целата шака.

Прсти наместо игли

Покрај тоа што ја намалува болката, акупресурата помага и за повторно воспоставување на равнотежата на телото, ја отстранува напнатоста и стресот, кој го оневозможува нормалното функционирање на организмот и негативно влијае на имунитетот. Таа му овозможува на телото да се приспособи на промените во околинината во која егзистира, а на тој начин и им пружа отпор на болестите.

Акупресурата ги користи истите точки како и акупунктурата. Основна разлика е во тоа што кај акупунктурата се користат специјални игли, а кај акупресурата се користи притисок со дланката, прстите, па дури во некои техники и притисок со стопалото. Предноста на акупресурата е во тоа што е многу едноставна и може да се изведува било каде и било кога. Акупресурата може да ни помогне кога сме вознемирени, кога сме под стрес и кога сакаме повторно да воспоставиме внатрешен мир и равнотежа.
Ние често влијаеме и несвесно. Така, ние си помагаме дури и тогаш кога ќе ги протриеме дланките една од друга, се додека тие не се загреат. Така настанува поле на магнетен напон кое ги стимулира тековите на животната енергија во телото, па телото и духот ги доведува во состојба на хармонична уравнотеженост. Добро е потоа, како што велат исцелителите, рацете да се тријат во ладна вода околу 5 минути, со што ќе се ослободиме од преостанатата негативна енергија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed, Lady* and Scars

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Има две многу ефективни акупресурни точки за намалување и спречување на болки во вратот и главоболките предизвикани од тоа. Исто така, за поголема ефикасност при вежбање, притискајте ги следните акупресурни точки пред да правите било какви вежби за врат:
Точка 1

Се наоѓа од двете страни на `рбетот, на надворешната страна од вратните мускули, во длабнатината на долната страна од черепот.
Ставете ги рацете врз главата. Со помош на палците притискајте ги овие точки една по една. Притискајте во правец на очите, онолку силно за да ви биде пријатно, не болно.

Притиснете ја десната страна 12 пати. При секое притискање задржете 3 секунди, а потоа отпуштете 1 секунда. Или бројте: притисни 123... отпушти... притисни 123... отпушти... итн. до 12. Повторете и на левата страна.

Притискајте ја оваа точка 2-3 пати дневно кога имате вкочанет врат или болки во вратот. Помага за:
  • Олеснување на болките и вкочанетоста во вратот;
  • Ослободување од главоболките зад и од страните на главата.
acupressure100x130.jpg

Точка 2

Забелешка: Не треба да се притиска за време на бременост (особено во последното тримесечје) бидејќи може да предизвика контракции на матката.

Се наоѓа во мускулите на врвовите од рамената, на средина помеѓу `рбетот и надворешните краеви на рамената.
Лоцирајте ја со помош на показалецот и средниот прст од левата рака и притиснете ја точката на десното рамо 12 пати. Притискајте онолку силно за да ви биде пријатно, не болно.

Како и кај точката 1, притискајте 3 секунди, потоа отпуштете 1 секунда. Повторете на левото рамо.

Притискајте ја оваа точка 2-3 пати дневно кога имате вкочанет врат или болки во вратот.
acupressure1_100x130.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Scars

street_chic

Староседелец
14 февруари 2012
1,433
3,678
723
Portofino, Italy
Третман на несоница - масажа на акупресурни точки

За да се избегне честото користење на терапијата за смирување и спиење, добредојдени се сите методи кои можат да предизвикаат сон, но на природен начин. Една од нив е и акупресурата, благодарејќи на постоењето на двете точки на телото кои треба лесно да се масираат.

Првата точка се наоѓа на врвот на вториот прст на стапалото, од надворешната страна. Таа точка е локализирана на надворешниот агол на ноктот.
tocka br.1.png


Втората точка се наоѓа на внатрешниот агол на базата на палецот на ногата, зад коскеното испакнување во основата на палецот.
tocka br.2.png