Ако ги правите овие работи,на сигурен пат сте да го изгубите момчето

Статус
Затворена за нови мислења.

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Читајќи една статија на Notformen добив инспирација да отворам ваква тема. Ќе наведам дел од работите што се набројани таму,што ги прават девојките,а ги мразат момците (статијата се вика Како да изгубите момче за 10 дена) :
-Јавувајте му се 10 пати на ден и праќајте му порака на секој час!
-Раскажете му ги сите детали од претходните врски!
-Многу сум дебела,несредена,заборавена!
-Не му дозволувајте да гледа спорт!
-За закана кажете му како ги изневерувавте сите момчиња до сега!

Девојки,ги правите овие работи?
Момци имате уште нешто да дополните? Советувајте не што не ви се допаѓа ,а го несвесно го правиме?
Што мислите дека треба/нетреба да се прави во една врска?
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Читајќи една статија на Notformen добив инспирација да отворам ваква тема. Ќе наведам дел од работите што се набројани таму,што ги прават девојките,а ги мразат момците (статијата се вика Како да изгубите момче за 10 дена) :
-Јавувајте му се 10 пати на ден и праќајте му порака на секој час!
-Раскажете му ги сите детали од претходните врски!
-Многу сум дебела,несредена,заборавена!
-Не му дозволувајте да гледа спорт!
-За закана кажете му како ги изневерувавте сите момчиња до сега!

Девојки,ги правите овие работи?
Момци имате уште нешто да дополните? Советувајте не што не ви се допаѓа ,а го несвесно го правиме?
Што мислите дека треба/нетреба да се прави во една врска?

само една причина најголема не му давај сам ќе си замини :giggle
првавила нема во животот вакви статии им и за нас пример како да задржиш девојка ваквите и слични статии го отупуваат народот никој не може да ми сугерира мене како да си го водам сопствениот живот.
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Имаше филм за темава само не ми текнува како се викаше, девојката требаше да напише колумна за да ги советува девојките како да фатат или да откачат момче за 7 дена. Всушност таа немаше појма од тоа, но се запозна со некого и се заљуби, колумната ја напиша но него го изгуби, на крајот тој ја побара и останаа заедно.
Кога си во врска со некого, треба да ги знаеш правилата, на почеток секој ќе се обиде да те импресионира со неговиот шарм, ќе се обиде да ти докаже дека тој е момчето за тебе, ние женските често потпаѓаме под вакви влијанија, но не секогаш машкото го држи ова темпо. Времето поминува па така и ние стануваме зависни од некого, сакаш да го видиш, да му се јавиш и тука почнува опсесијата. Во секоја врска треба да се вложи напор но не претерано. Според мене доволно е да не го вознемирувате дечкото додека има работа, тој си знае дека има девојка и откако ќе ја заврши работата ќе ви се јави. Машките ги нервира кога некој им врти на работа, зборувајќи им глупости додека шефот му носи милион документи за средување - ова избегнувајте го ако не сакате кавга. Зборувањето на типот самобендисаност го иритира машкото, ако тој не ве цени таква каква што сте, тогаш тој не е вистинскиот за вас или е со вас од сожалување или од забава. Избегнувајте ги зборовите дебела сум, грда сум, затоа што така само си набивате комплекси. Сакајте се себе си, за да ве сакаат и другите. Утре не му давај на моча во веце. Добро, да се разбереме тој е твој, но тоа не значи дека треба да го лишуваш од слобода, нека гледа спорт ако го сакате гледајте и вие со него. Хаха она последното за закана, машкото ќе ви раскине само ако сте му здосадиле, си нашол друга, не бил спремен за врска или не ве сака. Од тие причини такво машко незнае што сака, сеуште сака да се забавува и се му е пролазно, можеби вие сте биле една од многуте девојки на неговиот список. Има некои машки сакаат прво да се уверат дека навистина девојката го изварала, отколку да веруваат на празни реченици. Не мора да му се јавите 10 пати дневно направете го тоа 3 или 2 пати дневно, така повеќе ќе му недостигате и ќе ве побара сам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
Мене баш па не ми се допаѓа кога девојката (упорно) се води по некои правила. Нема ништо поубаво од тоа да се води по моментот, инстинктивно, по тоа што моментално го чувствува и сака со срце, ум... Едноставно да е непредвидлива, а не како по школски буквар! :)
А, и да, дефинитивно не ми се допаѓа кога за работа што не' опфаќа мене и девојката (независно дали нешто позитивно или негативно), таа се опседнува со тоа што ќе помислат/речат другите, таа опседнатост никогаш не ми била јасна. :|
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Rules rules and everywhere bloody rules.
Ако некоја целосно се повинува по некакви си правила, таа е без чувства. А исто овие правила што се горенаведени, се за ситуации коа сакате да раскинете. Иако највеќе машкото ќе ве цени како личност ако му кажете отворено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue
Статус
Затворена за нови мислења.