Thread for all things with wings, except birds.
Можеби најреволуционерен вид транспорт кој се појавил било кога е авионскиот транспорт. Официјално од 1903 и браќата Рајт, неофицијално 1901 Густав Вајскоф го оствариле вековниот сон на човештвото да се вивне на небото (без религиски конотации секако ) а Само неполна деценија покасно во 1911 Луи Блерио го гради првиот патнички авион со затворена кабина за четири патници, Блерио-24.
Релациите за кои требало недели и месеци да се поминат со бродови, денес се поминуваат за неколку часа или најмногу еден ден, незамисливи ствари пред појавата на летечките машини
Во 1913 се појавува првиот повеќемоторен патнички авион на Игор Сикорски, наречен Иља Муромец кој пренесувал 16 патници во удобна кабина, но царските бирократи немале слух за новото чудо на техниката и евентуално отварање авионска линија, подоцна авионот бил преработен во бомбардер и користен на источниот фронт.
Крајот на првата светска војна оставил стотици тешки бомбардери кои немале веќе функција и илјадници пилоти без работа. Амбициозните пионери од двете страна на Атлантикот увиделе можност за стварање на нов вид сообраќај, основани се првите авиокомпании, воените авиони се преработени во патнички или поштенски и огромен број пилоти наоѓаат работа. Подоцна се појавуваат и првите флајт атендант, од почеток мажи, подоцна и жени. Британските пилоти Алкок и Браун во 1919 први го прелетуваат Атлантикот со Викерс Вими со што укажуваат на можноста за интерконтинентално патување.
Аеродроми во тоа време обично биле рамни ливади, ретко каде имало бетонски или асфалтни писти што го лимитирало користењето на авионите при лошо време. Во таа ситуација дошло златното време на хидроавионите, гигантски машини за прекуокеански летови кои примале повеќе патници од нивните сувоземни конкуренти а можеле да слетаат во било кое пристаниште.
Подоцна, како резултат на тоа што во втората светска војна се градат масовно аеродроми со асфалт и бетон, хидроавионите малку по малку исчезнуваат од линиите а местото им го препуштаат на се` поусовршените патнички линиски авиони.
Со пристигнувањето на млазната ера и британскиот Де Хевиленд Комет во 1949, се преполовува времето потребно за патување.
Од тогаш до денес, има неколку правци во кои се движи патничката авијација.
Првиот е зголемување на бројот на патници, се градат се` поголеми авиони со повеќе места, Боинг 747 и денешниот Ербас А-380 се со најголем капацитет.
Вториот е економичноста, се воведуваат нови турбофански мотори со помала потрошувачка, профилите на крилата и типсовите играат улога во намалениот расход на гориво, на сцена стапуваат и нискотарифните компании кои обично имаат униформна флота од еден вид авиони (Рајан Ер користи исклучиво Б-737 на пример) штедат на све и слетуваат на секундарни аеродроми.
Третиот е сигурноста на летот каде се постигнати одлични резултати и денес овој вид транспорт е најсигурен на планетата, во однос на поминати километри вс. жртви.
Четвртиот е брзината каде за жал нема некои поголеми промени, нивото е сеуште на гореспоменатиот Комет од пост-WW2 времето, единствен авион кој беше исклучок беше француско-британскиот Конкорд, надзвучен авион кој летал на редовни линии со 2.200 км на час. Arguably the sexiest thing in the world aside from a woman, во 2003 беше повлечен од употреба.
Дали и со какви авиони сте летале?
Ако сте летале, огромна е можноста да сте стапнале во Боинг Б-737 кој е најмасовен денес, или барем Ербас А-320 па и канадскиот ЦРЈ-200.
Ваши искуства, ставови, стравови од машините кои и пркосат на гравитацијата?