Љубов каква (не) заслужуваме

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Навистина воодушевена од филмот The perks of being a wallflower и од една мисла од истоимениот филм која вели :'' ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме'', сакам да ве прашам што мислите вие?
Се согласувате ли со тоа? Која е љубовта која мислиме дека ја заслужуваме? Како ја заслужуваме?

Освен заслужена љубов која ја прифаќаме има ли и некоја која не е заслужена - а ја прифаќаме, или е заслужена - а не ја прифаќаме и која е таа? Каква е таа љубов, како размислува и чувствува секој човек кога одбива, прифаќа, мисли дека заслужува или не одредена љубов?

темава можеби е повеќе за друг подфорум, па слободно преместете ја ако така милувате.
И молам за поправка на насловот : )) фали љубов на почетокотт : ))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
A зошто „В каква не заслужуваме“?

Едит: Сеа гледам ставила авторката дека треба да е „љубов“ наместо „в“

Он:

Не можеш да кажеш која е заслужена, а која не од причина што секој си гледа лични причини и за секого заслугите се различни. Пример момак се труди и прави се` за да ја заслужи љубовта на некоја девојка, ама не ја добива од причина што таа не може да се види со него рамо до рамо. На крај завршува со некој што не ја почитува и ја натруднил па е приморана да биде со него и ќе кажеш дека тој добил незаслужена љубов, а овој првиот не добил заслужена љубов, ама не е се` така црно и бело.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Навистина воодушевена од филмот The pearl of being a wallflower и од една мисла од истоимениот филм која вели :'' ја прифаќаме љубовта која мислиме дека ја заслужуваме'', сакам да ве прашам што мислите вие?
Се согласувате ли со тоа? Која е љубовта која мислиме дека ја заслужуваме? Како ја заслужуваме?

Освен заслужена љубов која ја прифаќаме има ли и некоја која не е заслужена - а ја прифаќаме, или е заслужена - а не ја прифаќаме и која е таа? Каква е таа љубов, како размислува и чувствува секој човек кога одбива, прифаќа, мисли дека заслужува или не одредена љубов?

темава можеби е повеќе за друг подфорум, па слободно преместете ја ако така милувате.
И молам за поправка на насловот : )) фали љубов на почетокотт : ))
The Perks of Being a Wallflower ? го немам гледано...
интересна мисла, има капацитет за мозгање :)
може малку поопширно во кој контекст била кажана? љубопитна сум :)
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Која љубов ја заслужуваме?
- би рекол онаа што сме способни да ја дадеме...
Нели оној познат физички закон викаше „Акција-реакција“?
И исто како членот над мене, го немам ме интересира како поопширно е кажана таа мисла затоа што филмот го немам гледано.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Погледнете го филмот, јас ретко гледам филмови, а за овој вреди да се одвојат час и четириесет минути.
Верувам ќе го сфатите онака како што вие ќе го доживеете.

Дечкото смета дека конечно дошол до точка во која е слободен и заслужува да биде сакан од неа баш тогаш и токму толку, доволно за да е среќен.
на крајот уште една порака - да се живее моментот и тоа да ни е доволно во таа точка од животот.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Филмот е тинејџерски, но со одлична поента и за љубовта, и за пријателството, и за пронаоѓањето на самиот себе си во светот и сопственото вреднување. Јас таа реченица конкретно за филмот ја разбрав дека значи малиот кој се чувствува толку ужасно во сопствената кожа, кој не се сака себе си поради работите кои му се случиле во минатото, смета дека не заслужува да има, како да ја наречам, убава љубов. Односно, не се смета доволно вреден дека заслужува некој кој навистина би го сакал.

Верувам дека постојат многу луѓе кои се чувствуваат така, а најверојатно и спротивно на тоа, односно кои се преценуваат себе си. Што знам, секој се соочува со различни сопствени демони кои ни создаваат секакви комплекси, дали психички дали физички, што ни дава одредена слика на самиот себе си. Кој е пореален, кој е песимист, кој оптимист. Не би можела да кажам општо мислење, премногу услови и ситуации постојат, плус индивидуализам и на двете личности во врската и на самата врска. Сепак би рекла, мора да се има почит пред се кон самиот себе си, а потоа и кон партнерот. Ако не се сакаш самиот себе, како ќе успееш во светот? Постојат многу причини да се чувствуваме омразено кон самите во одредени моменти, но мора да се најде начин за постојано да ја гледаме вредноста која ја имаме.

Понекогаш можеби некој од одредена причина не може да ја согледа сопствената вредност и потребна му е токму таа посебна личност која ќе му помогне да ја открие и цени понатаму. Секако истото важи и за обратниот случај, постојат и оние кои можат да бидат спуштени од облаците само преку друга личност. Само би рекла дека вредноста на себе си се менува во текот на животот, а некогаш можеме да бидеме и во заблуда.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А, филмот е тинејџерски филм како што треба да изгледа а не оние амерички пити комедии хумор без некој (длабок) концепт. Но дотолку за филмот.
Поентата околу мислата...
Тоа е таа илузија со која скоро секој се судира, се повредува и останува разочаран едно време. Јас би го нарекол и губење на невиноста од аспект на идеализирањето на љубовта. Секој еден кога е добро погоден од идејата „љубов“ ја прави онака како што ја доживува. Значи на еден начин постапува крајно егоцентрично/алтруистички, зависно како би ја доживеал. Но најчесто е алтруистички поради стравот да не ја загуби другата страна. Значи тоа е еден вид на “рефлексивно“ размислување - тој ја гледа сопствената рефлексија, и според неа го прави сето тоа за да таа биде среќна. А притоа реално не ја запознава подлабоко другата страна.
Каква љубов се заслужува е сосема посебно размислување. Ако се збори за тоа дека не се заслужува ништо, пак се навраќаме на претходната точка - идеализирање. Љубовта после одредено време итекако се заслужува - треба да се бориш а не од страна да седиш и да очекуваш некој да ти фрли трошки за да се задоволиш. Скромноста е на цена, но ако се нема желба за да се избориш до крај, тогаш се нема ни љубов за истата.
 

*V******

Староседелец
2 април 2013
193
170
1,053
Која љубов ја заслужуваме?
- би рекол онаа што сме способни да ја дадеме...
Нели оној познат физички закон викаше „Акција-реакција“?
И исто како членот над мене, го немам ме интересира како поопширно е кажана таа мисла затоа што филмот го немам гледано.
Toгаш.....зошто би постоеле парчинја..............овој закон не важи секогаш.....млад Г-не.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
Го заслужуваме она што и самите сме способни да го дадеме од себе.
Викаат давај..но не барај ништо за возврат.
Па која би била тогаш целта? Јас ќе сакам, ќе сакам со целото свое битие, ќе се посветам на една личност и на таа моја љубов кон него...за да на крајот не чекам мојата љубов да биде возвратена зошто едноставно не сум „себична“ и сакам да љубам безусловно..
За мене не е тоа љубов, кога двајца не се вклучени во целата приказна.Сам можеш да сакаш, но љубов..тоа е малку подлабоко.
Тоа е едно, а сега друго.
Онаа љубов која што ние ја идеализираме и претпоставуваме дека ја заслужуваме, треба да се потрудиме и да се избориме за да навистина ја заслужиме.
Стоењето по страна никому не му носи среќа на крајот.
На крај крајева, онаа љубов за која што нема да се бориш, за која што не си се ни потрудил да се избориш, таа љубов и не си ја заслужувал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Toгаш.....зошто би постоеле парчинја..............овој закон не важи секогаш.....млад Г-не.
Прашањето беше според нас каква љубов заслужуваме. Не знам според тебе, ама ете според мене е така... Секогаш сакам да го примам назад она што сум го дал.
Нешто случајно како бумеранг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13 and Prashina