Болка во колено

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
:eek Хелп, веќе 4 дена ме боли левото колено, како подуено ми е. И порано ме болеле мускулите ама не толку колку сега. Имал ли некој ваков сличен проблем? Кога ми е свиткано ме боли ептен а кога стојам воопшто не ме боли, само кога ќе стапнам чувствувам некаква тежина. Барав нешто на нет ама слабо има само ако сум се удрила, но јас се немам удрено. Малку хелп?:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ivan7 and Vrabac0007

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Ракија не ти помага, за жал...
пази сега,
исправи го на кревет да речеме коленото но без да стегаш мускули само така слободно максимално исправиа и да е подпрено по цела должина не пример да виси поткачено на нешто со стапалото а цела нога да е во воздух
со левата рака пробај да го лоцираш капачето на коленото на средина со палецот и средниот прст (од страните на капачето) а со левиот показалец пробај да срегнеш надолу

што е резултатот од тестот ?
Дали капачето е цврсто припиено на зглобот?
Дали добиваш како лебдење на капачето?
Дали при притисок како да пропаѓа во слободен простор или потребен е повеќе притисок поради чувство како нешто да се исфрла од под капачето во моментот кога стегаш ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Trajche

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
Јас направив како што ми рече, ама ништо од тоа не осетив, само се допрев кај коската и тука осетив болка, мене месото над самото колено ми е отечено малце, баш кога станував осетив како ми се "крши" коската.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Јас направив како што ми рече, ама ништо од тоа не осетив, само се допрев кај коската и тука осетив болка, мене месото над самото колено ми е отечено малце, баш кога станував осетив како ми се "крши" коската.
чек чек :) баш и не сватив... поради отокот не можеш да го лоцираш капачето на коленото ? по твое размислување , колку имаш така оток на колено, гледано од око према другото колено колку имаш и колку беше во првиот момент кога почувствува болка ?

Во кој моент почуствува болки првобитно а пото и оток, играше нешто, превитка колено, неубаво доскокна ... ?
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,194
1,123
Скопје
чек чек :) баш и не сватив... поради отокот не можеш да го лоцираш капачето на коленото ? по твое размислување , колку имаш така оток на колено, гледано од око према другото колено колку имаш и колку беше во првиот момент кога почувствува болка ?

Во кој моент почуствува болки првобитно а пото и оток, играше нешто, превитка колено, неубаво доскокна ... ?

Ги стиснав мускулите на коленото и од тогаш ме боли, а отокот прееска го забележав ама не почувствував болка, само кога ќе седнам на столче кога ќе ми е превиткана цела нога ме боли а највеќе коленото. А кога стојам или кога ми е исправена ногата ништо не осеќам ни болка ни ништо.
 

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Ги стиснав мускулите на коленото и од тогаш ме боли, а отокот прееска го забележав ама не почувствував болка, само кога ќе седнам на столче кога ќе ми е превиткана цела нога ме боли а највеќе коленото. А кога стојам или кога ми е исправена ногата ништо не осеќам ни болка ни ништо.
во колено нема мускули :D мала шала :p
Вака, најдобро да не трчаш / скокаш некое време недела да речеме, а ако утре задутре нема подобрување (целосно губење на оток/ престанок на болки ... без никакви самопрепишани лекарства) тогаш ортопедско одделение плс и нема шала со ова зошто ако дојде до излив во коленото тоа остава последици и можно компликации во иднина. Има едно нешто што се нарекува компресивен “повој“ (завиткување) на коленото. Се изведува до вата и обичен или по можност со еластичен завој. Ова би ти го препорачал ако утре да речеме не се намали отокот да пробаш во понеделник ако несакаш на ортопед да го “тестираш“ еден ден завиткано коленото на овај начин па ако и после тоа нема никаков подобрување и губење на отокот правец ортопедија не се зафркавај воопшто ...
копресивен е ставање на вата по цел обен на коленото во ширина од дваесетина сантими и благо завиткување со завој не престегнато колку само малку да се осети компресија во внатрешноста предизвикана од надворешниот вештачки притисок. мирување во благо поткрената полошба на ногата на кревет во исправена/благо подвиткана (пример една повисока перница под колено и една малку помала од неа под стапало) состојба но со целосна поддршка по цела должнина не да виси.

Тоа што не чувстуваш болки при стоење на нозе е бидеќи нема буквална повреда на коската/лигаментите/рскавица/менискус туку само се надевам благо истекнување ное во ланчана реакција придонело до окок на мекото ткиво под кожата и неково зголемување. Бидеќи мислам дека со “стегнав“ сакаш да кажеш истегнав се надевам дека по одморот ќе се врати се во нормала.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Natenceto

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
кд боли едно колено, устфари викаф дека не е убаво наместено јастуче лолл, дека само на едну ногу е наместено, такој викаф....
:D