Што ве научи животот?

D

Deleted member 10294

Гостин
1. Никој нема да ми помогне, освен самата јас. Најдобриот пријател на човекот е самиот тој.
2. На никому не му ги кажувај твоите проблеми. 80 % од луѓето не ги интересира, а на 20 % од луѓето им е мило што ги имате.
3. Да се радувам на најмалите нешта во животот. Да обрнувам внимание на своето здравје, не треба да чекам да ми се случи нешто за да го направам тоа.
 

сираче

Полноправен Член
29 мај 2025
43
11
8
-Не е важно колку пати си паднал, се додека се бориш да станиш.
-Научи се да се ставаш себеси на прво место.
-Она што не те убива, те прави посилен, ама траумата ќе остане засекогаш со тебе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kockakockica@

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,477
9,164
1,683
Кушкундалево
Светот денес е тажно и депресивно место, окупиран од цивилизација која живее со чудни самоуништувачки навики и без колективна свест, со повремени блесоци кои ги земаме здраво за готово и не им даваме никакво внимание.
Античка и класична философија се благослов за умот, што повеќе се чита тоа толку подлабоко се разбира битието.
Планините се места за чистење на умот, тишината и мирот на врвовите дозволуваат да се размислува чисто без товарот на системите.
Системите се најлошото нешто што го измислил човекот кој гордо зборува за тоа.

До следни 10 години :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin