Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.
Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
- Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
- Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
- Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.
Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.
Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.