Бизнис хороскоп

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Овен – Иако делуваат романтично, мирно па дури и помалку флегматични тоа е само маска. Тие би биле: актери и тоа комични, музичари, рели возачи, но и лекари, војни лица, инженери или политичари.

Бик – Трпеливиот и упорен Бик најмногу би сакал да има приватна фирма која има врска со кулинарство но и уметност, мода, филм, музика (пеење), пишување, сликарство, посебно со вајарство.

Близнаци – Сакаат медиумски работи и маркетинг па затоа најмногу би сакале да бидат новинари, добри се во таа работа поради вродената снаодливост да дојдат до строго доверливи информации.

Рак – Овие знаци би сакале да бидат професори, уметници, модни дизајнери. Сакаат да се занимаваат со скапи дејности: колекционери, трговија со уметнички предмети, сликарство и пишување.

Лав – Лавовите се кративни, родени шефови па им одговараат најмногу шефовски позиции во политиката, дипломатијата, умешноста, филмот и спортот, приветни превземачи.

Девица – Девицата сака да биде психолог, преведувач, пронаоѓач, архитекта, дизајнер, да се занимава со ентериери, сликарство мода, новинарство, пишување. Секогаш сакаат да работат со странци без оглед дали се тоа услужни дејности, економија, здравство или модни агенции.

Вага – Сакаат недвижнини и работа со странци што им овозможува многу патувања, сакаат политика но сакаат и бутици, цвеќари, парфимерии, козметички салони. Исто така би сакале да бидат и актери, државници, банкари и воопшто ја сакаат работата со јавноста, знаат да бидат и добри преговарачи, организатори, книжевници и математичари.

Скорпија - Мудро ракуваат со пари а најмногу сакаат да работат елитни бизниси, сопственици на казина, стоматолози, хирурзи. Исто така сакаат да работат детективи или филмски продуценти.

Стрелец – Стрелците сакаат работа која ќе им овозможи да патуваат, маркетинг, туристичка агенција бидејќи ги следи среќа во зделките со странци. Би сакале да би сакале да бидат сопственици на автосалони, на галерии или антикварници.

Јарец – Одговорните Јарци знаат често да бидат најдобри и во работите кои не им се допаѓаат премногу бидејќи стравуваат од критика и имаат чесен однос кон работата иако сакаат повеќе да се занимаваат со сликарство, музика, историја, астрологија, археологија, рударство и геологија.

Водолеец – Медиуми, трговија, политика, музика, спорт, информатика, електротехника се сё она што сакаат и се склони кон менување на работното место доста често. Ги привлекува да бидат сопственици на издавачки куќи, да се занимаваат со приватен бизнис а би сакале да отворат и некое „фенси“ кафуле.

Риби – Во бизнисот повеќе имаат среќа отколку ум. Сакаат да бидат фармацевти, хемичари, лаборанти или козметичари, да играат балет, да танцуваат, да спортуваат. Сакаат многу тимска работа и ги привлекуваат работи со кои доаѓаат во контакт со светот и доста патуваат.

Кој хороскопски знак сте и која е идеалната професија за вас? Дали според вас е точен хороскопот? Ако веќе сте вработени, што работите. :D
За мене делумно е точен хороскопот зашто како мал сакав да бидам новинар, ама сега не баш. ;) Идеална професија ваљда нешто со преведување, толкување :zelen
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
за шкорпија погодиле :cool:, само уште да имаше капитал од каде да почнам, не ќе беше лошо :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31 and The Tramp

Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,126
1,845
423
Еден досаден град
Овен – Иако делуваат романтично, мирно па дури и помалку флегматични тоа е само маска. Тие би биле: актери и тоа комични, музичари, рели возачи, но и лекари, војни лица, инженери или политичари.
За мене овие ги погодиле 100% :)
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
За мене овие ги погодиле 100% :)
Што е целта дали ќе ти погодат или не???
Не ги разбирам овие хороскопи за знаците што се во мода Хороскопот-какви сте во кревет,какви сте кога треба да се иде на одмор,што правите според хороскопот кога идете во бања да се туширате:mad
И као сеа ја ќе читам и ќе гледам дали трефнале нешто од нешто на среќа,а бе ајде
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Во канта ја преместувам видејќи е дупла.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp