Машки пријател лековит како нова фризура!

Статус
Затворена за нови мислења.

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Слушате дека сте убава и секси, а притоа овој маж не сака да ве одведе во кревет, гледате заедно филм, а сигурни сте дека не е заинтересиран за акцијата после филмот. На секоја жена и е потребен еден таков пријател со кој ќе се чувствува комфорно и кој ќе биде секогаш тука за неа.
Неопходен после вашата пропадната врска!
Кога ќе раскинете со партнерот, не само што ви е студена едната страна од креветот, туку и немате со кој да појдете во кино или да се насмеете чатувајќи на Фејсбук. Тука настапува тој, вашиот сигурен пријател, кој го знаете многу долго и кој знае се за вас, дури до непријатни ситуации од вашиот сексуален живот или кога ви се „тие“ денови во месецот. Ве смее, а кога се шетате со него во град не се чувствувате толку сингл.
Секој пат кога е потребно ќе го сопре вашиот напорен додворувач, а кога ќе види дека се топите од погледите на некое момче ќе се поттргне на страна.
Многумина не ви веруваат дека тој ви е само пријател и неретко кружат гласини за вашата наводна љубовна врска, но и двајцата точно знаете дека се што има помеѓу вас е пријателство.



Пронајдете си ваков пријател!
Ако се уште немате ваков тип на пријател, а ви се допадна идејата, еве на што да внимавате при изборот:
  • Тој не смее да биде некој ваш поранешен дечко.​
  • Не смее да биде типот за кој потајно се надевате дека некогаш ќе ве покани на состанок.​
  • Не смее да биде некој кој ве гледа со очи на кученце и се што сака е да бидете само негова.​
  • Не смее да личи на вашиот бивши и да ве задржува во минатото.​
Ќе имате задоволство исто како она од нова фризура!
Кога знаете дека не му се допаѓате ќе можете сосема слободно да се смеете на неговите шеги, а тој нема да помисли дека му се додворувате или тој ќе може отворено да ви каже дека конечно ја пронашол вистинската, а вие нема да позелените од завист. Неговото друштво и тој како потсетник дека вие сте добро друштво ќе направи да се чувствувате одлично во текот на целиот ден, исто како нова фризура.
Можете да му се јавите кога ви е здодевно, кога сте тажна, кога сте среќна, кога ви е потребен искрен разговор и мислење на теми за кои знаете дека другарките секогаш ќе застанат на ваша страна. Тој нема да ве озборува, ниту да ги раскаже вашите тајни наоколу, со него ќе јадете пица и сладолед колку сакате и ќе седите во пижами без да се грижите дали добро изгледате.

tumblr_m3ngdtHi2F1qb7865o1_500_large.png
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Пронајдете си ваков пријател!
Ако се уште немате ваков тип на пријател, а ви се допадна идејата, еве на што да внимавате при изборот:
  • Тој не смее да биде некој ваш поранешен дечко.​
  • Не смее да биде типот за кој потајно се надевате дека некогаш ќе ве покани на состанок.​
  • Не смее да биде некој кој ве гледа со очи на кученце и се што сака е да бидете само негова.​
  • Не смее да личи на вашиот бивши и да ве задржува во минатото.​
Ваков тип на пријател е геј.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and Trouble

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Зошто овие текстови на НотФорМен ги сместувате во Колумни?
Ова не се колумни, ова се статии пишувани со цел девојките да си самопомогнат во одредени ситуации.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Зошто овие текстови на НотФорМен ги сместувате во Колумни?
Ова не се колумни, ова се статии пишувани со цел девојките да си самопомогнат во одредени ситуации.
Јас па дури се затрчав, да прочитам некое ново, иновативно самостојно форумџиско парче....

Може, следната недела од Гламстик ќе бидеме почестени да дочекаме разврска на некоја сторија со мангупот од осмо три одделение.
 
Статус
Затворена за нови мислења.