Јуве ќе потроши 40 милиони евра на засилување
Новиот шампион на Италија, Јувентус во летниот преоден трансфер ќе потроши 40 милиони евра.
Јуве без ниеден пораз стигна до Скудето, па торинскиот клуб наредната сезона ќе се врати во ЛШ. Додека се уште трае прославата за освоената титула, управата на клубот размислува за засилување.
Италијанските медиуми објавија дека најголема желба на управата на Јуве е напаѓачот на Реал Мадрид, Игуаин, но тој не е на продажба. Па спортскиот директор Марота мора да го промени планот.
На мета на Јуве се напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез, капитенот на Арсенал, Робин Ван Перси и напаѓачот на Сити, Един Џеко. Но мала е веројатноста дека Ливерпул и Арсенал ќе ги продадат своите адути, па најголема шанса имаат кај Сити.
Един Џеко не е прв избор на Роберто Манчини, па логично е да се пресели на друга дестинација.