Во македонскиот јазик има зборови кој на многумина не им се познати. Најчесто потеклото на тие зборови е странско или па се употребуваат во дијалектите. Во Македонија најчесто има зборови од турско потекло и тие се нарекуваат архаични и тие не влегуваат во стандардниот македонски јазик. Во последно време во македонскиот јазик навлегуваат и англицизми кој најчесто и се повеќе се употребуваат заради зголемената употреба на интернетот и на се поголемиот технолошки развој и осовременување т.е. глобализација во светски рамки. Зборовите од англиско потекло се повеќе се употребуваат заради што во македонскиот јазик нема соодветна замена за нив.
Помалку познати зборови
апансас - одненадеж
зијан-за нешто кога си во загуба
аџамија - неискусен млад човек
абак - смотан
арам - проклетство , грев
арчи - троши
арамија- крадец
ашлак - глуп
џам-стакло, прозор
ачкалдисај го - фрли го
шеќер- исто така турско потекло и прифатен во македонскиот јазик
P.S. Ако знаете за некој ваков збор пишете.