Социјализам или капитализам?

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Што сметате кое опшествено уредување е подобро?
Кои се предностите/слабостите на истиот?



Историски гледано многу Македонци жалат по времето на социјализмот. Периодот кога биле создадени голем број на претпријатија кои беа под контрола на носителите на таканаречената командна економија, каде што секое претрпијатие знаело колку ќе продава и за сите имало - сите грабале бидејќи немало сопственик. се било идеално бидејќи секој бил задоволен. Но сепак мислам дека социјализмот како идеологија настрадал поради две причини - не функционирањето на пазарната економија и поради не доволно развиената свест кај народот бидеќи е повисок степен на организирање на државата. Но тоа што и се случи и моментално и се случува на нашата држава е т.н примитивен капитализам или развиен феудализам сеедно. Би го издвоила феноменот т.н Кина задржувајќи го стариот систем но воведувајќи го политичкиот плурализам... И наместо да предизвика крах како СССР , Југославија и сл. галопирачки се развива и претставува водечка економска сила во светот.
Лично јас би го избрала социјализмот, но не оној класичен туку по моделот на Анте Марковиќ и неговите реформи од 89' кои на жалост не успеаа. Социјализмот, воведувањето на пазарната економија и политичкиото плурализам е идеалниот облик на опшествено уредување.​
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Анте Марковиќ? Пукнал народот од јадење банани тоа време :p
Секако и јас сум за социјализмот, но Титовиот социјализам, и ново обединување на Југославија. Сме биле светска сила .. сега што сме .. последна и најслаба алка на синџирот. Од 91ва наваму немаат изградено 30 км автопат ... срамота. Капиталистите искористуваат работна снага, додека нашиов премиер и другар му бившиот премиер се пунат со пари. 35 000 евра годишно за патни трошкови на пратеник?! Абе ајде. Само Тито, и голи оток!!!
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Анте Марковиќ? Пукнал народот од јадење банани тоа време :p
Секако и јас сум за социјализмот, но Титовиот социјализам, и ново обединување на Југославија. Сме биле светска сила .. сега што сме .. последна и најслаба алка на синџирот. Од 91ва наваму немаат изградено 30 км автопат ... срамота. Капиталистите искористуваат работна снага, додека нашиов премиер и другар му бившиот премиер се пунат со пари. 35 000 евра годишно за патни трошкови на пратеник?! Абе ајде. Само Тито, и голи оток!!!
Точно. Особено овој примитивен капитализам што беснее кај нас. Чиста експлоатација. ;)
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Имаш пишано горе кои се предностите на социјализмот:
Па.. државни фирми, за сите бранши работа, на факултетите се примаат онолку студенти колку што треба кадри , 13 плата, к-15, годишен одмор, стабилна валута, висок брутодомашен производ, дисциплиниран народ...
Може некој да ми ги каже предностите на капитализмот? (100 умиру за један да живи) ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Јас сепак, сум за капитализам.
Не овој нашиов.. но капитализам сепак.
Не сакам јас да добијам помалку, за некој да живее подобро.
Не сочувствувам со сите, и ќе дадам од мојот леб, само ако сакам. Не сакам државата тоа да го прави во мое име.
Секој што е работоспосбен треба и да работи, не признавам социјални случаи кои се физички здрави (такво нешто нема во земјава, преголема е невработеноста).

Второ. Сакам да имам приватен бизнис. Мој, лично мој.
Дали ќе остварам капитал од 1000 евра, или 1 000 000 евра, моја работа.

Не прифаќам еден менаџер и една чистачка, да можат да одат на исто место на одмор.

Најголем мотив за работа се парите. А ако можам јас да вложам толку труд и енергија некаде, за на крај и некој што не вложува толку да може да си го дозволи истото што и јас... што?
 

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Социјализам во секој случај, секад сум плукал и никогаш нема да престанам да плукам на смрдливиот капитализам и капиталистичките експлоататори мамето нивно. Некаква форма на социјализам владее и во Шведска, а за Кина ке да сте малце грешка дека постои плурализам, се знае таму, комунистичката партија е на власт и толку. А да, социјализмот како форма на општествено уредување се јавува покасно од капитализмот (што кажува дека е подобрена форма, како што феудализмот го наследил робовладетелството).
Капитализмот никаде не е добар, па ни кај нас. Затоа ќе речам: смрт за капитализмот, слобода на народот
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Ни Социјализмот ни Капитализмот се совршени сите имаат мани и недостатоци кој подоцна излегуваат на виделина.
Така да идеалниот систем не постои и не знам дали некогаш ќе постои таков идеален без грешки во кој сите би биле еднакви. Ако го вртиш кешот со никој не би требало да имаш проблем.. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Luckky