Готска поезија (карактеристики, значајни автори и дела, цитати)

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Колку за Готскиот стил на поезија(како имам објавено збирка поезија би требало да појаснам која е инспирацијата која ме има водено)тука од лавиринтот на внатрешноста на душата ги отсликуваме темните визии при што и љубовта е облечена во рувото на тагата и болката.Во темната поезија која е реална,а која е рационално објаснување?
Некогаш неможе да се најдат рационалните објаснувања за нештата што не опкружуваат.Нашата мозочна ограниченост и не ни дозволува да гледаме поинаку на нештата освен да се ослониме на реаното и логичкото размислување.Се онаа што е нереално се прифаќа како фантазија и умисленост.Сите оние кои гледаат по различно од другите се осодувани и каменувани,така е и со готскиот стил на пишување.Ретко кој да се осмели и да пишува таков стил.Готската книжевност има повеќевековна традиција во Европа и САД.На прво место содржинска одлика на готската книжевност-доминирање на стравот,ужасот пред се предизвикани од надприродни причинители.За зачетник на котската книжевност се смета англискиот писател Хорас Валпол,чие најважно дело -романот„Замокот Отранто“Тука се и многуте други како:Ернест Теодор Хофман,Мери Шели,Емили Дикинсон ...
 

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Сигурно ви е познат Едвар Алан По,со неговата поема „Гавран„:)


 

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56

Како поемата е подолга ја поставувам во делови.


Македонскиот препев е од Гане Тодоровски.

Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, - чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,
низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
И со таа птица света, што пред малку тука сета
одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гавранот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,
„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, припев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”

Но Гавранот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими
божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да ja заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали Гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повторно ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,
птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне
oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”

—Едгар Алан По
Не да сакам да билдам постови но,никако неможев да ја поставам целата поема и се надевам дека ќе имате разбирање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Danicleo

Полноправен Член
30 март 2012
53
54
18
56
Дали според оваа дефиниција, песничкава погоре ми спаѓа во готска поезија?
Секоја моја песна е:
1. Депресивна
2. Љубовна
3. Песимистичка

И самата Готска поезија е депресивна,песимистичка...но и немора да значи ако било кој човек пишува готика истиот да е со такви карактеристики...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten