http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/11448-kivi-koktel
Киви коктел
Во сабота е St Patricks Day, големиот ирски празник што веднаш нѐ асоцира на зелена боја, многу пиво и бурна забава. Пивото добро си го знаете...
...па во чест на зелените леприкони ви нудиме едноставен, а вкусен и освежителен коктел во нивната боја.
За коктелот
Emerald Crush потребни се:
- 60 ml вотка
- пола киви
- пола зелен лимон (лимета)
- 1 мала лажичка шеќер
Овошјето и шеќерот се мешаат во шејкер (или блендер). Се додава мраз и вотка и добро се промешува. Се излива во чаша со мраз.