Сакам да кажам/Сакам да прашам

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Сакам да сум на врвот на планината и да се восхитувам на прекраснотиите што ќе ги видам, толку далеку од мене, да го видам зајдисонцето и прелевањето на розово-виолетовите нијанси со најубавата бебешка сина боја. Само за кратко ќе погледнам надолу, за да се потсетам од каде дојдов до врвот и со колку труд и успех сум стигнала на сегашното место. Колку страв заменет со воздуба и воздишки се сега присутни во само еден здив.
Се качувам полека, но сигурно, често мислам на иднината и сакам се да биде како што си замислувам.
Прекрасен ден, уживајте си :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
СДП ако некој знае како се вика виолинистот кај Зуица Лазова во емисија нека кажива, работава гори.. Го земам за маШ, му одам на снимање и ќе го запросам!! (inlove)(pivo)
 
Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
На доминантен темперамент не му требаат авторитети.
Што ке ни се претседатели, премиери и лидери...ние сме Македонци !
Ајде на корзо !:rofl
 
Solange

Член со 30 казнени поени
6 април 2016
112
132
43
Шконтарска работа, луге гладуваат буквално, овие тон јајца исфрлија досега...ај сеа?!:nah
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
На facebook од сабајле врти една фотографија на која што пишуваше дека полицајците се всушност најголемите жртви во моменталната ситуација. Од една страна биле жртви на државата и политичарите, од друга на народот и дека нивните мајки и нивните деца се најисплашените во моментов. Целта на таа слика беше да го запре насилството кон полицијата од страна на народот односно вандалите и насилниците.

Колку е само нехумано да се објавува таква слика и да се наметнува чувство на вина и грижа на совест врз обичниот човек кој што сака да се избори за своите права, за својата сигурност и слобода. Баш тие полицајци се пречката и тие први стојат на патот кон остварувањето на правата на граѓаните. И тие се жртви на политиката, точно, но имаат избор. Во секој момент можат да ја соблечат униформата и да застанат од страна на народот и да не дозволат да бидат ничии жртви. Од една страна им одговара да си ја земаат платата и да се возат без пари во автобуси, да прават прекршоци без да плаќаат казни, да уживаат некаква неоснована почит во општеството, а од друга страна не им одговара да бидат предмет на насилство кога си ја бранат платата и сето она што го добиваат со титулата - полицаец.

Изборот на граѓанинот е ограничен, мора да се бори или да молчи и да трпи.
 
misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103

извини вака што ќе ти кажамама поголема глупост до сега немаш тропнато!
Како бе да ја соблечат униформата и да застанат од страна на народот,абе што потоа, размисли ете и што потоа??
Што не се побунат бе на пр.вработените во Тинекс, Веро, во шивалнине и др.да не набројувам сега против газдите и да бараат поголеми плати и подобри усчлови за живот?
Леле глупостииииии...ке го решат проблемот ако полицијата дозволи вандализам и крвопролевање по улиците..(facepalm)(facepalm)