Добро не знам што ми се случува стварно ..
Или сум психички ослабната или сум болна.
Учам сеа за на факс и сконцентрирана само на учење.
Наеднаш се свестувам да речам и ме фаќа страв што правам јас
глава ме боли и денес и вртоглавици имам ми се чини ако станам ќе паднам, нокти гризам едвај копче закопчувам, устата и денес рани, вкрстени нозете десната константно ја тресам, и телото цело ми се тресе. Мед јадев, млеко пиев, б комплекс, па не можам веќе.. Сакам да излезам од оваа кожа во друга да влезам..
Дали сум психички растроена или сум болна?! Треба да одам глава да снимам, анаиза на крв, урина или пак само да одам на психијатар? Ако некој сака нека одговори, а би сакала да слушна РАЗУМНИ мислења . И ако треба, нека се смени мислењето во др тема, немам против, а и не најдов соодветна тема.
Фала