Инфузијата тече капка по капка..Очните капаци ми се полуотворени,уморни,тешки,како да носат некој голем товар.Секое трепкање ме мачи,чуствувам напор,а не можам да заспијам.Гледам во часовникот на масата.Точно пет.Собата е полуосветлена.Се обидувам да станам.Неможам..Гледам мајка ми ме стегнала за рака и заспала чекајќи да се разбудам.Лицето и е бледоод солзите.Ми падна тешко.Ми дојде да плачам..не знаев каде сум и не знаев што ми е.Болничка соба,а во собата само јас и мајка ми.Чуствувам страв.. Си велам: “Боже,што се случи?” Сакам да ја разбудам мајка ми.Но, не можам да изговорам ниту збор.Немам сила да ја отворам устата.Полека заспивам.Со првото будење,видов дека ме чекаше мајка ми и веднаш се фрли во моја прегратка. Низ солзи ми соопшти дека епилепсијата е виновна за моето лежење во болничкиот кревет. Тогаш почна нашето патешествие. Се влечевме по доктори,талкавме по ходници.Илјадници врати ни треснаа пред нос,милиони понижувања,илијадници пролеани солзи,стотица непреспиени ноќи..еден куп потребни прегратки.Девет години поминати во пекол.А имав толку многу замисли,соништа и мечти.Како и секое дете.Дали некогаш сте посакале да заплачете на целиот глас?Дали некогаш сте се почуствувале осамени? Јас се чуствував така секоја ноќ во една од болничките соби.Секој пат кога мајка ми ќе заминеше.Да,епилепсијата била тешка болест,но самотијата..уште потешка.Само јас знам за ноќите во кои сонував дека сум на некое убаво место,опкружена со многу луѓе кои ми даруваат насмевки.А кога ќе се разбудам..гледам дека нема никој.Само јас,затворена во четири ѕида.Се било лага,се било сон! Па ќе почнам да плачам,онака од срце.Ама џабе..Никој не знае за моите солзи,никој не дошол да ме види,да ме праша како ми е ,дали ми треба нешто..никој.Зарем ова дете не знае за мајка? Зарем ова дете не знае за семејство,дом?Моите детски очи непрекинато гледаа кон вратата со надеж дека можеби,сепак некој ќесе сожали ќе дојде.Ќе дојде и ќе ме одведе од таа соба. Ќе ме одведе дома.Но..не. Времето поминуваше,деновите се нижеа,а во тие девет години единствен човек кој влегуваше во таа соба беше медицинската сестра.Да го смени веќе незнам кое по ред шише за инфузија..А единствено што сакав е само да бидам среќна.Да се радувам на секоја добиена петка или пак,да плачам кога ќе се скарам со сестра ми за некоја глупост.Сакав да бидам само едно обично дете.Имав толку многу соништа и надежи.А што добив? Девет години поминати во осаменост.Раце целите со белези од безбројните инфузии,лице на кое се познава патот на солзите.Милион неостварени желби,а најважно од се..едно изгубено детство.Па,ова срце,чинам од камен да беше до сега ќе пукнеше. Мене епилепсијата знаете ли што ме научи? Дека на овој свет мора да има луѓе што ќе бидат среќни и луѓе што ќе мора да поминат трнлив пат од својот живот.Јас не кукам за машки како вие што правите,бидејќи оваа болест ме научи дека на овој свет има многу поважни работи од љубовните врски.Како семејството,домот,здравјето.Сите овие девет години ми беа добра лекција.И повеќе не ми е грижа што мислат луѓето за мене.Можеби ќе ми се потсмеваат и ќе ме покажуваат со прст,но тоа е вистината. Ниту крадам,ниту лажам.Јас на ова гледам како дарба од Господ,бидејќи мене оваа болест не ме уништи,туку напротив ме зајакна.Сегу сум уште посилна од порано.Сега имам нови соништа и замисли,кои ќе ги исполнам.А доколку некој премногу се растажил поради мојата приказна,нека не тагува.Туку напротив,радувајте се. Смејте се.Бидете среќни што ова дете и покрај толку многу порази и падови што му ги приредил животот не ја изгубило волјата за живот.Туку е пак на нозе да ги исполни нови мечти.Бидејќи знае дека после најголемата бура,морето ги исфрла најпрекрасните камења.
Марија Гоцевска
Марија Гоцевска