Сакам да кажам/Сакам да прашам

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Нема проблем туку не можеме да отидеме во друга установа или кај друг доктор па дури и во иста болница затоа што системот не дозволува т.е мора да се лекуваме кај докторот кај кој што сме биле првиот пат. Другите просто не те примаат, затоа што работат на процент и не би било фер да им се земаат пациентите плус кога веќе еден почнал друг не сака да продолжи. Колку само луѓе починаа ради ова ама тоа е треба да се снајде човек за да преживее во секој случај докторот што ја лекуваше мајка ми не можам да му замерам сепак животот и го спаси, а тоа што не сака да доврши сигурно си има некоја причина или смета дека нема потреба но знаеш кога еднаш си поминал низ сето тоа се плашиш, а не можеш никого на сила да натераш па ќе видиме што ќе биде на крај изгледа јас ќе го вадам.
Не бе душичко, твое право и твој избор е кај ке се лекуваш, да си смениш матичен др....кој ти кажал вакви работи, па ти идеш кај специјалист а твојот матичен е должен да ти даде упат.Незнам дали мајкати има шекер, артериосклерозе или која болест што ја довело до таа состојба ама мораш да барате лекарска помош и да се хоспитализира ако треба...во Скопје ли живееш?
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Не бе душичко, твое право и твој избор е кај ке се лекуваш, да си смениш матичен др....кој ти кажал вакви работи, па ти идеш кај специјалист а твојот матичен е должен да ти даде упат.Незнам дали мајкати има шекер, артериосклерозе или која болест што ја довело до таа состојба ама мораш да барате лекарска помош и да се хоспитализира ако треба...во Скопје ли живееш?
Дијабетичар е. Знам дека може да се менува матичен итн но кога се во прашање вакви проблеми да ги речам т.е интервенции не можеш да ги промениш е сега не знам дали истото важи и за приватните клники, но искрено немаме веќе средства за по приватни клиники, операциите (не сите) спаѓаат под фондот но не и контролите во Филип втори знам 1200 денари е само преврска да ти направат. А од еден државен доктор т.е специјалист да отидеш кај друг нема теоретски шанси не примаат посебно кога веќе едниот почнал никој не се нафаќа да продолжи. Имаме пробано не е дека зборам од памет.
Како и да е во Скопје живеам инаку и не верувам дека мајка ми ќе се согласи повторно да ја хоспитализираат. Последниот пат кога влезе беше само ради ногата, а излезе три пати поболна, едвај ја вративме во живот и тоа уште има последици.
Во секој случај нема да ја оставам така ќе гледам да најдам некое решение, не знам дали на пластично би не примиле и дали воопшто би можеле да го средат тоа ама не сакам во државна ич не ми се сигурни таму.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Колку посакувам да имам куќичка покрај море или океан. Да бидам опколена со зеленило и да немам соседи. Само јас во мојата куќа покрај вода. Да имам малце поголем имот, да можам да си растам разни работи, од зеленчук и овошје, до билки и канабис. Да си се хранам воглавно од тоа што ќе го насадам, да си создавам разни масла и балсами, да уживам во сопствениот плод. Да научам да ловам риби и да наоѓам морски плодови, да уживам во нивното пронаоѓање и нивниот вкус. Да си правам скара од моја уловена риба, мои растени и набрани зачини и зеленчуци. Да уживам во зелената боја која ќе ме опколува. Да уживам во водата, нејзиниот одблесок во било кој период од денот... обожавам вода! Таа е мојата терапија. Да уживам во секојдневното пливање, во сонцето. Да уживам во смирената вода, но и во нејзината разбранетост. Го обожавам звукот на бранови. Сакам да го слушам ветерот и океанот додека седам удобно во мојата сигурна куќа, уживајќи добро виски додека си гледам филм и си го галам мојот поспан кафеав лаврадор. Да, сакам да имам и пес, еден прекрасен кафеав лабрадор. Заедно да си шетаме, да се качуваме понекогаш на повисоки места. Сакам вода, зеленило, чист воздух! Сакам да сум далеку од бедни користољубиви (не) луѓе, полни со омраза и негативна енергија. Јбг, daydreaming ме убива.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: jovanKH2O and Tantara

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Нема, НЕМА, Н-Е-М-А полошо од луѓе кои ме знаат онака кога ќе ме прашаат - а кога ќе се мажиш?
Значи не и е на секоја девојка императив да се мажи до 24-25, да испораѓа деца и да си живее "нормален" (по нивна терминологија) живот. Со самото тоа што ми викате дека тоа е нормален живот, јас што не го сакам тоа сега, автоматски сум ненормална?
Како немаат срам да се мешаат во туѓа интима и безобразно да го пикаат носот кај што не му е местото да ми е да знам. Ниту сум ја прашала некоја кога планира да се мажи и како планира да си го турка животот, ниту пак ме заболе. Јас уште не знам кој пат во животот да го фатам, до деца сигурно не ми е дојдено. Не дека не сакам некогаш, ама сега моментално - не.
Ај да се тетки кои ме виделе еднаш во животот, па немаат друг муабет, ајде, ќе разберам.
Ама 24 годишни што се омажиле пред 2 недели и ми продаваат пуфки не можам никако да ги разберам.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
За каков мир зборувш ??
Не мора ништо да запазиме , а неможе 3 ипол души да тргнат ,а другите да мрчат и го дрват на фб само за што и да е во оваа држава !!!
Незнам од тука кој се секава и кој бил али ако бил знае што беше собир и искажување кој е кој , пред собрание со блиндот ?!
Абе кај го има тоа во своја држава да ќутиш на тоа што е не легално и не основано ???
Ви се ќути на вас ?
Неможе уште вака , толку е мислам дека наредно несто погрешно ќе биде безобразно , па да се знае кој е тука кој !!
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Оние луѓе кои ти се другари и потоа со молчење без причина те оставаат и не ти кажувааш зш направиле така се најѓубре.
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Некои ќе се спасат,.. Ќе нема кој да се задева од време на време.. А на некои може ќе им биде онака, досадно без мене :D
Како и да е знам дека ќе ви фалам..:giggle
Не заслужувате човек да ве замине без поздрав. Убаво време си поминав на форумов ама доста е.
Одох ја у реалити лајф, ептен се заглобив овде :)
Ви посакувам пријатен престој пријатели.
Некои ќе ми фалат ама најмн
Личен дневник..
Лека ноќ.. Збогум :) :*<3
 

misterija

Член со 30 казнени поени
27 јануари 2016
732
614
103
Некои ќе се спасат,.. Ќе нема кој да се задева од време на време.. А на некои може ќе им биде онака, досадно без мене :D
Како и да е знам дека ќе ви фалам..:giggle
Не заслужувате човек да ве замине без поздрав. Убаво време си поминав на форумов ама доста е.
Одох ја у реалити лајф, ептен се заглобив овде :)
Ви посакувам пријатен престој пријатели.
Некои ќе ми фалат ама најмн
Личен дневник..
Лека ноќ.. Збогум :) :*<3
:eek:(
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Секоја чест за Наташа Стоилковска која несебично му подаде рака на Љубе и му даде надеж која мислам дека ја имал одамна изгубено ...
Се почесто да има вакви хумани дела и истово нека биде пример како може некој кој е навистина осамен и во затворен круг , да му ја вратиш насмевката на лицето , тоа е многу големо дело и голем успех !! (pivo)(pivo)(pivo)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Колкава некултура постои кај нас, тоа е нешто невидено. Значи додека купуваш нешто или плаќаш или било што да правиш каде што треба да се има ред, тие ти се обесиле на глава и ти дишат во врат. Како демек ќе им го земат редот ако стојат каде што треба, или нозете ќе им скршат. Сељачишта глупи невоспитани, да можат во џеб ќе ти влезат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Давор and malo