Ииииии..во што е поентата со овие табели!??
Ииииии..во што е поентата со овие табели!??
Кажи кои се причините за едно општество од несреќно да прерасне во среќно и обратно, од среќно да се претвори во несреќно!??
Постои ли златна средина??
Мислам дека нема никогаш на оваа планета земја и со ваков створен човек каков што е и во какво се чудовиште се претвара, бетер и бетер, да се создаде среќно општество...затоа и вакви анализи и податоци се заморни за обичниот човек, знаеме патот каде не води, знаеме во што срљаме ама нема надеж веќе на жалост.Поентата е повеќе од очигледна: квалитетно образование достапно за сите и веродостојни креатори на јавно мислење (т.е. објективни и непристрасни медиуми) ја максимизираат средната образованост и информираност по глава на жител и ја минимизираат девијацијата на образованоста/информираноста по глава на жител. Тоа е сржта на среќно општество. Сржта на несреќно општество е комплемент од сржта на среќно.
Втора поента е дека овие се екстремите (крајните точки) на спектарот на општества. На пример, скандинавските општества, Холандија, Нов Зеланд и др. се блиску до идеално среќно општество. Некои афрички, средно-азиски и јужно-американски општества се блиску до идеално несреќно општество. Ние сме некаде на средина, но поблиску до несреќниот екстрем.
@massimaux си размислувал сето ова да го поврзеш на едно место, да кажеме книга?
Не знам како одат тие работи со издаваштво ама имаш сосема добар материјал.
Фала за комплиментот.Не сум размислувал за книга. Тоа е многу амбициозна работа. Но, би бил пресреќен ако некои истражувачи ги заинтригираат овие хипотези и ги тестираат. Тоа би било мултидисциплинарно истражување. Би било супер.
Превод на англиски е најмал проблем. Само останува прашањето, who cares за ова?![]()
Па скоро ниту едно дело низ историјата не било започнато на начин дека некој ќе е заинтересиран за тоа, освен оние кои пишувале по нарачка или палп литература со одреден строго прецизиран пазар (треш раја) така да тоа не би требало да е пречка, дихотомијата психо/соципат вс. херои/алртуисти и сивата зона измеѓу е една од најважните дилеми во историјата на човештвото, би повлекол биолошка паралела со поимите паразити вс. сапрофити.
Значи не правиме муабет за секојдневна тема, за нешто општо познато, ова е нова територија, ситуација која може да резултира со спас на милиони луѓе, буквално, значи батали црвен крст, салвејшн арми и каритас, ова е стопати помоќна работа, нешто на ниво со пронаоѓањето на пеницилин (антибиотици) и слично како и пеницилинот ќе земе жртви (раја кои биле алергични а не знаеле порано).
Не знам за тебе ама мене ми делува како добро потрошено време, замисли да му викале на Александар Флеминг `абе батали тие мувлите шо се замараш`
По таа логика не би пишувал ни на блог пошто нели, нема кој да се заинтересира, што не е точно
Имаше еден полски психијатар, Лобачевски кој пишувал многу одамна уште пред поимот `психопат` да стане општо познат и употребуван, he was very much in front of his time...иако пишувањата му се стерилно стручни што е тешко да привлече маса народ...
Потребно е нешто како манифест, кратка, концизна и јака книга чии зборови би се врежувале преку читање![]()