Многу импресивно го опишуваш Париз. Не знам зошто јас во моите три дена не го доживеав толку магично. А очекував. Вистина. Зошто карактерот ми е таков требаше да ми се случи разлевање поради аурата на Париз. А единствено се одушевив и израдував на Лувр. Тоа прекрасно здание би сакала да го посетам барем уште неколку пати.
Ајфеловата кула единствено ми се допадна кога ја гледав од Трокадеро. Кога и се приближив за мене беше само железна кула без магија.
Инаку шетајќи се низ градот се чувстував убаво. Модерен е, а се чувствував како да сум се вратила неколку века назад во минатото. Убаво чувство. Би сакала да живеам таму одредено време, не поради ајфеолва кула или нотердам или лувр (иако рековме се убави) туку заради духот и волшебството кое цирклулира во воздухот наоколу.
Го посетив и дворецот Версај - вистина ми се допадна. Преубав е.