Да, јас имам 2 тетоважи, од кои што втората што ја направив ми е голема на левото рамо, речиси имам полуракав (израз во тетовирањето, кога пола рака ти е истетовирана) ... и да, гледам дека веќе почна здравствено да ми штети, а богами и умствено, некако како да го губам разумот откако се истетовиравНе те напаѓа ѓаволот, туку со самото обележување, тетоважата, ти стануваш ѓаволов слуга и преку тебе делува негативно на твојата здравствена и умствена способност.
Аууу па сега дознав дека сум станала и Ѓаволов слуга ... леле сега како ли ќе живеам понатаму, страв ми е, ќе горам во пеколот
Ајде доста со сарказам.
Секакви глупости се изначитав во темава, баш како што кажа @Outrider ... која ретардирана тема
Сега, како што лупетате цело време во темава, сега јас ќе ви плеснам се' во лице, и ќе си кажам мој став, ова е општо мое обраќање до верниците:
Не туку се правете некој верници, кога сте полни со гревови, еден зејтин и една паричка што ќе однесете во црква, и една молитва и прекрстување, нема да ви ги исчистат гревовите.
Еден куп „верници“ познавам, а се погнасни во душите и од крастава жаба, ете тоа е реалноста
Човекот се гледа дали е човек по тоа колку е фер кон вас, и дали е тука секогаш за вас кога ви е потребна помош, едноставно човекот се гледа по неговите постапки и дела, а не по тоа дали е верник, дали има тетоважа и слични етикети.
Запрашајте се колку пати во животот, „верници“ ви го свртеле грбот кога ви било тешко, колку пати кога најмалку сте очекувале ви го зариле ножот во грбот, колку пати пробале да ве заебат кога најмалце сте го очекувале тоа од нив ... ааа?
Знам, вистината ве боли, али тоа е реалноста, не туку ги етикетирајте луѓето според тетоважите, туку гледајте си за себе, и колку вие мили мои „верници“ сте чисти во душата според вашите дела и постапки.
Да не пишувам повеќе, се' што сакам да кажам, од збор до збор, со секој стих потполно се согласувам во песнава, слушајте внимателно, и се' ќе ви стане јасно
Кој ќе ја чуе песната, ќе го препознае говорот на Ѓаволот и Бог, според гласот.
А јас потполно се согласувам со стиховите на Ѓаволот во песнава, без око да ми трепне, бидејќи пред се' песнава е реална.
Последна промена: