Сакам да кажам/Сакам да прашам

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Желбите на изродите и Клеопатра,девојчето е веќе вселено во ''Сектата на измеќари'' што ја кажав, а да не заборавиме редица долгогодишни членови не можат ни да помислат на вакви работи ,најзгодниот младиќ ,нај лепшиот дечко во нас, некако да се произнесе за сечењето на форумов поточно кажано !
Зачудувачки е и најнеталентираниот односно оној со гумата за бришење и Ленче шц ,да не заборавиме, пилите работат навечер,само што сите дрва се исти ,само некој се малце по исти од другите !!!
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Брат, кога треба да одбиеш некој е многу лош филингот, не знаеш како да и кажеш зошто, а да не ја навредиш.
Не ги потценувам дебелите луѓе и никогаш не сум ги навредил поради дебелината, но секој посакува убава партнерка.

Па и не мора да ја одбиеш, матурата и онака е беспотребен хајп е сега имаш избор помеѓу рандом некоја и некоја на која ќе и останеш во убав спомен можеби цел живот :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Прати ситуација добро...
Знаеш шо фали тука, така?
F-ing James LaBrie!

И мене памет истотака коа симињам цел албум без да проверам дека е инстументалка.
(не дека не се толку лоши и без вокал, ама... :zelen)
 

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
So crazy!! :zelen
СДΚ деκа Шумахеρ може вода да ми носи :rofl:rofl .. Сеа наρедно полагам за κамион и готово. Цел свет κе го пρошетам. Шофеρ пρва κласа :D:frantic:rofl
 
Последна промена:

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Го испративме другиот комшија у брачни води. Некни се присетив во раната адолесценција од 15ка, коа мававме Сони Плејстејш`н кај него дома или пак коа ќе се подберевме на партија Монополи пола зграда каде и тој го завземаше своето место од шесттемина млади бунтовници. Бевме со брат ми пошо нему му беше поблизок јер учеа заедно основно и средно иако беше во моја година на раѓање. Сандро Плац, 3 ракии за почеток, некое меко мезе сочинето од овчи кашкавал и салатка, потоа и главно јадење со неизбежиниот десерт, придружено со по шише Cabernet Sauvignon и муабети до крајот на „претставава“. Добар е оној помин каде издувниот филтер не ти трохирал од кењање на истиот та истиот муабет повторен по сите ебани свадби каде ги слушаш сите се совршени битија демек успеале во животот и постигнале богзнае што. Ова беше различно поблиско искуство... Picking up just where you left off.
So says Saladin...

И да... ѓон сум у моментов....
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Уште една случка со мојата полубудна состојба само што овој пат повеќе сум спиела од што сум била будна :D
Случкава има две страни т.е една од мој аспект и една како уствари било. :)
Значи се будам во некое време од ноќта т.е падна нешто на земја па се разбудив мислејќи дека тоа е телефонот, гледам на место си е но ноќната ламба што ја имам ставено таму беше на два дела пробав некако да ја наместам не ми идеше па ја оставив така.

Доаѓа утрото и вториот дел од случката како уствари било.
Ја прашувам мајка ми: -Добро кој ми ја скрши ламбата?
А она: -Ти.
- Е како јас? Зачудено ја прашав
- Па ти реков исклучи ја климата топло е, а ти тропаше нешто таму, те прашав што правиш, а ти ми рече редам. :)

Искрено не знам што сум редела но сум успеала да ја го извадам капакот од ламбата, да ја одмотам сијалицата и да го одмотам кабелот кој си го имав убаво замотано за да ме ми смета и сето тоа да го ставам на три различни места, најверојатно сум барала како да ја исклучам климата :D
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Онаа за која мислев дека ми е другарка ме изненади со тоа што го сврте грбот и замина кон друштвото без култура и повеќе лајкови на фб. Изгледа повеќе и вреди популарноста во училиште од пријателите.
Бев разочаран но одморив во еден убав град, убаво размислив и во иднина ќе внимавам колку вложувам во едно пријателство.