Религиите и тетоважите

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
@existence како пример ја земав црквата.И ако некој сака цел живот да си го обележи телото со некој симбол што му значи нешто многу силно и што го сака,која е религијата да му брани?Мене сево ова ми е преретардирано и малоумно.
@diva orhideja ти мислиш мене ми дојде шо ќе мисли некоја попчина проста за мене шо имам тетоважа?Он шо е глуп и е зинат за пари ја шо да кажам за тоа?
Религија=простотилак.
Да речеше Грујо да не се тетовираме сите ќе го викавте воа ја шо го викам сега,ама чим е од поп или оџа кажано,ок ќутам!21 век,уште се караме дали Земјата е топка или плоча.Сепак се врти...дечки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Фала Коперник : )
Религијата е таа, дали ќе се држиш до истата или нема тоа е избор. Никој не ти стои со нож на гркланот кога одлучуваш да се тетовираш (освен можеби од дома : D). Во Јапонија некогаш паѓале глави поради нанесување било каков белег, сѐ уште има фамилии кои што не дозволуваат операции само поради тоа што така ќе го „извалкаат“ телото со лузни.
Али да, фино е да се знае дека дошол 21-ви век.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мала дигресија:
@Метаморф напраи разлика меѓу религија и институција. Иако едното со другото се тесно поврзани, имаш луѓе кои се религиозни па ете ја хејтаат институцијата и си фураат свој начин на прославување без расфрлање на пари по попови/крштевки. Се` е до менталитетот на единка при избор. Ете мојот како и твојот е дека хејтаме институции.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Според мене и многу други,христијанството е создадено со политичка цел,низ историјата пак си брка црквата (ПАК ПРИМЕР) политички цели:како организации на походи кои што целат кон убивање на цели нации во крстоносните војни,убивање на научници во хуманизамот и ренесансата само поради страв од побивање на христијанските теории,а со побивањето на иститие народот нема веќе да се лаже да остава парички и попот ќе мора да се запознае со мотиката.И после сите тие работи вие ја величите религијата како начин на живот и се придржувате кон нејзините принципи и "чистота"?
Па кој и да е друг облик на живот на планетава и да се спушти на ниво да верува во некое божество од ова за тетоважите би му дошло преку опашка.
Context unreachable for limited brain cells
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Ете има луѓе што си почитуваат религија и не сакаат да се тетовираат. Не знам што е толку лошо тоа, нема да ти го собере лебот од маса сигурно. Ги здоболе што мислел некој си таму на некој форум, си веруваат и си тераат како што мислат дека е добро.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Според мене и многу други,христијанството е создадено со политичка цел,низ историјата пак си брка црквата (ПАК ПРИМЕР) политички цели:како организации на походи кои што целат кон убивање на цели нации во крстоносните војни,убивање на научници во хуманизамот и ренесансата само поради страв од побивање на христијанските теории,а со побивањето на иститие народот нема веќе да се лаже да остава парички и попот ќе мора да се запознае со мотиката.И после сите тие работи вие ја величите религијата како начин на живот и се придржувате кон нејзините принципи и "чистота"?
Па кој и да е друг облик на живот на планетава и да се спушти на ниво да верува во некое божество од ова за тетоважите би му дошло преку опашка.
Context unreachable for limited brain cells
Само да те потсетам и будизмот и хиндуизмот се религии.
И историски си само делумно точен. Рисјанството во почетокот делувало сосема различно од оноа што ти го опиша, исто како и исламот. Арапската култура била далеку понапредна во средниот век од западноевропската.
Пак ќе се повторам ти тоа што упорно го спомнуваш е институција, оноа што јас пробувам да ти го појаснам е религија. Секоја индивидуа може но и не мора да ја прифати институцијата кога итака е религиски определен. Но најчесто институцијата му нафрла погрешни вредности кои немаат допирна точка со религијата, ерго тој е дел од масата лесна за манипулација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Svetiot Duh and existence

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Не се слагам дека Будизмот е религија,школа е тоа ама нема врска да не забегам од темата.Како и да е,секој си има право да прави и почитува што сака.Но фактот што верниците наводно се мнозинство у земјава,коа ќе видат лица со тетоважа ги декларираат како ненормални,секташи,наркомани.Не се сите,исто како и што религионзните не се скроз сите ретардирани.Само ми се свиѓа симбол/текст...било што,и ми има значење,и никој нема право да ме етикетира според норми на религијата на која што и припаѓа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Види сеа, ти ги етикетираш тие што се припадници на религија или веруваат во некакво божество како ултра-глупави, ги направи дури и подолу животни ама не сакаш некој друг да те етикетира : ) Не се тера вака напред. Не го прави тоа што не сакаш да ти го прават тебе. Еве јас не сум верник и ич не ми чуе дали некој ме нарекол секташ или што ти знам што, ич не ми чуе дали Петко бил против тетоважи или Петкана била рисјанка. Мене тоа не ми менува ништо и гајле ми е.
Муабетот е дека повеќето религии не дозволуваат тетоважи затоа што верувањата се дека треба да умреш со чисто неизвалкано тело. Тоа со цркви и џамии благе везе нема, со попови па уште помалку. Ако некој си верува во нешто и не сака да се тетовира или го смета тоа за богохулништво тоа си е негово.
 

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
Добро нешто не ми е јасно. Знам дека религијата забранува било какво валкање на телото без разлика дали е тоа пирсинг или тетоважа, ама си има и верници што си имаат и тетоважи по телото и пирсеви исто. Што со нив, казна ли некоја ги следува како такви, нема влез во рајот или треба три попа наместо еден да ги пеат кога ќе отидат под земја зошто се "нечисти"?
 

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Добро нешто не ми е јасно. Знам дека религијата забранува било какво валкање на телото без разлика дали е тоа пирсинг или тетоважа, ама си има и верници што си имаат и тетоважи по телото и пирсеви исто. Што со нив, казна ли некоја ги следува како такви, нема влез во рајот или треба три попа наместо еден да ги пеат кога ќе отидат под земја зошто се "нечисти"?
Е ајде де.Терајте ги децата да не учат,немој на некое учителката петка да му шкрапне на рачето па на душа да го носи цел живот.
*зезам
 
Последна промена: