Добро утро другари и другарки. Како сте?
Јас на пример сум многу болна и веќе 3 дена немам мрднато од дома па оставам да ме лечат домашните екими. И вака слободното време го трошам по форуми и читам најразлични мислења, а бога ми и испади невидени. И така налетав на една тема “Силување“ и читам мислења едно по друго, најнормално сите имаат некоја “мудрост“ да кажат и стигнав до најдолното и најглупото шо гласеше “Па сами сте си криви ако некој ве слува! Треба да се заштитите!!“. Па сакав да прокоментирам нешто за овој испад, те за ова мислење де. На мене на пример не ми е јасно како некој е крив за тоа шо му се случил овој (не)чин од некој манијак? И какво е тоа толку затуцано размислување? Дали само на потенцијален силувач се мисле на тој од клубот шо постојано пробува да ви направе маабет, оној шо шета сам по улици или онаа Х особа, другар на другарка шо немате со типов никаков муабет, па случајно се десило на 1 минута да останете насамо? Не викам не, и овие тројца можат сешто да направат, ама шо правеме за тие шо се кријат по тесните и темни улици? За тие шо се фини и културни? За некој шо ви се праве најдобар другар? За убавиот и забавен дечко во диско шо ставаат (на пример) дрога во пијалоци? Имам слушнато многу приказни од ова последново и пред последново.
Имаше еден човек, така средни години, околу 40-45 и човекот има некое ментално нарушување. Стресови, нервози, алкохол и така дошол до тоа, ама не е толку битно. И јас немам ништо против никој, сите ми се исти буквално, па се разчу низ местото каде шо живеам дека некој манијак се изживувал врз него. И баш кога една другарка го расправаше тоа си се потсмевнуваше и правеше мајтап од тоа. Јас на пример не гледам никаков мајтап, само една потресителна приказна, шо може на секој некој да му де случи и една идиотка шо на беден начин се обидува да биде забавна и интересна, шо нема грам памет, ниту грам човечност во неа! Како може на ова некој да се смее? И типкава ми дофрла “А шо па? Не ли може да се спасе?“ Значи човекот е ментално нестабилен и ние како опшество треба да му помогнеме да се осеќа подобро, а не да му одмагаме и да го гледаме како да е никој и ништо! И не само он, туку и било кој да е бил на тоа место е за жалење! Само шо тука многу се делат, па шо има врска дека на некој му се случило тоа, важно не им се случило на нив! Еве со вакви имам излегувано. Епа замисли на некој од друштво да му се случи сличното? Пак истата ќе прокоментира како требало на време да мисле, а чекај шо да мисле? Кој да мисле, уствари шо треба да се мисле кога некој ќе те нападне позади и ти ја врзе устата со марамче за онесвестување. Не се дешавало само у филмови, се дешава и во реланиот свет! Како тогаш ќе се заштитиш? Па џабе ти и сите тие боречки вештини вештини шо ги знаеш, ништо нема да ти помогне во таков случај!
На особа шо сум преблиска со нејзе и се има десено истото, само во диско. Па не мора да е и темна улица, не мора ни провокативно да си облечен, не мора ништо, па со една екстаза во пијалок сешто и се изнадешавало. Замисли сега таа особа е возрасна жена па пак кога ќе се присети на тоа се растажува. Замисли какви и биле мислите во тој момент кога се освестила, замисли колку време и требало за да се засака повторно себе си, замисли и колку време и требало за да си ја поврати повторно самодовербата. Ама шо и да направе, веќе не е истото, не е! И жал ми е шо повеќето луѓе го гледаат ова ко на шала! А нема ништо за зезање и паметување на оваа тема. Многу е болна! Многу! Не знам само колку треба да си, буквално ментално недобар, за да се исмеваш и да кажуваш како луѓето се самите криви шо им се десило ова!
Каде без човечност? Каде?!