За почетоците...
Таа беше осамена и тажна вечерта, и не само таа вечер , туку секоја вечер. Со пуштање на темнината се спушташе и тагата во неа. Го листаше стариот весник , незнаејќи го ни датумот , но важно годината беше тековна. Бараше нешто по огласите, час стар шпорет , час фрижидер или комода. не дека и требаше , тку да си најде занимација. Потоа сврти кон огласите за контакт, повеќе мажи бараа мажи одколку жени... Светот отишол безтрага си помисли. Но очите се залепија на еден оглас. Гласеше -Барам девојка за интимни средби, надоместок 1000 евра.месечно.....Таа се изнасмеа на тој кој дава толку пари за жена , кога жени има еден куп исто колку и оние обратните мажи. Го сврте телефонот , но прво си го затскри бројот. И после добро вецер, отворено праша -Добро бе човеку каква девојка бараш ти и што очекуваш за толку пари? Ја давиш кога имаш секс или уринираш по неа или ...Патем речено ја не сум девојка , но заработувам на некој начин..И таа се изнасмеа во слушалката од срце...И како изгледаш го праша, имаш рогови?
Тој ја ислуша и и рече: Ај не зезај , спремај се на кафе те носам и кажи колку земаш за кафе пиење...
Цената е 300 евра без додатни услуги...
Жената се облече во тренерки, стави најцрвен кармин за да личи малку припросто, се нашминка нападно и ја раскопча кошулата, се качи на автобус. Колку време се немаше качено на автобус, имаше заборавено.... Никој не ја препозна , ниту комшиите.
Оддалеку го препозна....ретко има мерцедеси кои чекаат на автобуска..И се зачуди ништо не му фалеше на човекот , немаше рогови, обичен млад човек на 40 години... Отидоа на кафе ...нејзината ефтина облека не одговараше на ништо во нејзината близина. Тој се насмеа и и ја кажа целата животна приказна, толку тажна..таа се расплака...Но и нејзината не беше повесела , не знаеш која од која потажна. Го сркнаа кафето, кажаа се и молчеа... Ги извади парите , го плати кафето, ја плати неа...И замина...Таа не го ни викна , тој не се ни заврте...беше научен да плаќа се ...а таа беше научена да дава без пари...да дава се , а најмногу да дава од срцето...
Жената остана да седи сама на масата загледана во темнината преку прозорецот и замислена со илјада прашања во главата. Кој беше човеков, колку беше тивок и искрен, како нејзината животна приказна како да беше пресликана со индиго во машка варијанта на живот. Така седеше непомично долго време. Келнерот неколку пати ја понуди со пијачка од куќата, па пијачка од газдата , па пијачка од него , но не и беше до пиење. Таа собра сила и стана, го избриша карминот, ја закопча блузата , повика такси. Само што го пречекори прагот и потрча кон таксито, некој ја грабна силно и довикна- Те сакам тебе, те сакам таква која сакаш да лажеш а лажеш ефтино, таква која е изгубена во ноќва , ничија, која глуми лудило . Која си? Не исчезнувај, ќе ти го направам животот спокоен и убав, и не барам да ме сакаш, не барам ни да ме допреш, само не бегај остани во ноќва и молчи, молчи веќе еднаш...
На таксито му плати и го испрати...Ситен, летен дожд почна да врне, а таа се давеше од сопствената плунка и молчеше...Сакаше да се сети кога последен пат некој и кажал дека ја сака...не се сеќаваше, на ништо не се сеќаваше.
Таа ги памети само почетоците ....и парите кои ги подари на сирачињата. Никогаш немаше толку пари да подари некому, но ете вечерва тие дојдоа за нив, нејзе не и требаа, најмалку од се и требаа пари...