|Анкета| Промена на корисничко име

Да остане ли опцијата за своерачна промена на корисничко име?

  • Вкупно гласале
    32

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Секoј штo ќе си гo прoмени никoт некa си гo стaви нoвиoт вo темaтa зa сменети никoви и сите ќе видиме кoј бил a кoј стaнaл. Фoрумoв имa слaбa aктивнoст и ќе си стoи мислењетo вo нoви мислењa цел ден, шaнсa немa некoј дa не прoчитa.
А и дa не е стaвенo вo темaтa не е некoјa кoјзнaе кaквa нерешливa мистеријa. Кликaш нa никoт и пo сaмите пoдaтoци ќе ти текне кoј е, не сме милиoни тукa-се знaеме кoи сме. Сaмo кoмплицирaњa зa џaбе.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

ipopovski

Админ
Член на администрација
30 септември 2011
1,763
2,410
1,133
www.crnobelo.com
Хеј дечки, имам ограничен пристап до нет, па да резимирам на кратко:

Претходна состојба:
- за промена на ник секој член требаше да ми пише порака и јас рачно да го сменам. При оваа постапка немаше никаква евиденција за историјат на никови на членот, освен ако не пишеме во темата членови со сменети никови. Стариот ник при промената остануваше слободен. Се случуваше членови да бараат неколку пати годишно промена на ник.

Нова состојба:
- секој член може сам да го смени никот еднаш годишно, на неговата профил страница има таб со историја на кориснички имиња, претходниот негов ник останува резервиран и не може друг да го користи. Дополнително dummy корисник автоматски отвара тема со известување за променет ник на член.
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Како сакајте викајте се. Секој член има свој број на форумов. Тој секогаш е со вас. Без разлика да си Стојко или Трајко.
Името е менлива категорија. Корисничкото име треба да се менува од страна на корисникот. А не со молби. Би било добро на 180 дена да се менува :)

Ако некој сака да го задржи првичното име, нека го задржи :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MissChievous

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
@Înger Rău што знам мене година ми е сосема океј, 180 дена ми е некако често за промена.

Јас пак ќе ги повикам сите што се против ова да кажат што е причината освен дека ако после некое време некој чита постови ќе се изгуби по цитатите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91

Мислам дека доволно кажав,после една година кога повеќе членови ќе променат ник,повикај некој јабанџија кој никогаш не бил на форумот и прашај го колку време ќе изгуби да прочита некоја тема во која повеќето членови смениле ник.
Наместо да биде лесен за читање за сите нови потенцијални членови,форумот станува загатка по која треба да се клика неколку пати на маусот,да се влегува во профилот на неколку членови (под претпоставка да не го ограничиле тоа)за да состави слика за одреден член со тоа што пишувал.
Бруки!
Форумот ќе се сведе на 10-15 членови кој ќе си ги менуваат никовите да не им биде досадно.

Ај за погребување на никовите се изјасни админот дека не се достапни,тоа е ок.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Јас нема да гласам зашто не гледам причина зошто би се менувала опцијата.
А и сеедно ми е да бидам најискрена.
Дури ова го гледам како шанса за оние членови чии постови не ги читам од Х причини да ги прочитам,можеби ќе го променам мислењето кога нема да знам кој е тоа :D
Админот фино напишал што и како,се си е прегледно и всушност кој чувствува потреба да си го промени никот,нека го промени каде лежи проблемот?
Ова е демократски форум луѓе!!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Мислам дека доволно кажав,после една година кога повеќе членови ќе променат ник,повикај некој јабанџија кој никогаш не бил на форумот и прашај го колку време ќе изгуби да прочита некоја тема во која повеќето членови смениле ник.
Наместо да биде лесен за читање за сите нови потенцијални членови,форумот станува загатка по која треба да се клика неколку пати на маусот,да се влегува во профилот на неколку членови (под претпоставка да не го ограничиле тоа)за да состави слика за одреден член со тоа што пишувал.
Бруки!
Форумот ќе се сведе на 10-15 членови кој ќе си ги менуваат никовите да не им биде досадно.

Ај за погребување на никовите се изјасни админот дека не се достапни,тоа е ок.
Ти се брукаш а не знам зошто толку си упорен да објаснуваш. Еве на пример ти си го менуваш никот во Чомбе, и јас читам и си викам, еј кој е овој Чомбе? Отварам тематашто е за промена на никовите и таму гледам пишува дека Алф е Чомбе, и готово решена мистеријата.
Исто за сите небитно дали нови или стари членови. И што ти е тоа гробишта за никови? Ете пишува дека ако некој го смени никот, претходниот негов не може никој да го користи.
Само се буните за џабе, па уште и другите криви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Ти се брукаш а не знам зошто толку си упорен да објаснуваш. Еве на пример ти си го менуваш никот во Чомбе, и јас читам и си викам, еј кој е овој Чомбе? Отварам тематашто е за промена на никовите и таму гледам пишува дека Алф е Чомбе, и готово решена мистеријата.
Исто за сите небитно дали нови или стари членови. И што ти е тоа гробишта за никови? Ете пишува дека ако некој го смени никот, претходниот негов не може никој да го користи.
Само се буните за џабе, па уште и другите криви.
Да во право си,се извинувам што на некој начин сакав да се објаснам,па згора на тоа се обрукав не размислувајќи дека секоја промена макар и на лошо е добра!

А ти уште не си променил ник?
 
Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Ако некој доаѓа овде на форумов да прави семејни стебла и да испитува кој член какво име имал свршил работа.
По таа логика и аватарите треба да бидат неменливи.
 
Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Да во право си,се извинувам што на некој начин сакав да се објаснам,па згора на тоа се обрукав не размислувајќи дека секоја промена макар и на лошо е добра!

А ти уште не си променил ник?
И што ако променам? Ќе се збуниш дека не сум јас? Исто ќе биде како и досега, ќе видиш дека сум променил и готово.