Зошто старееме?

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Се што се раѓа мора да умре,тоа го знаеме,инаку планетава земја нема да собере толку луѓе,животни,растенија.Прашањето ми е зошто мора да старееме, да се збрчкуваме,побелуваме,окелавуваме, просто кажано да огрубуваме.Нека ми извинат ама староста е грда, бадијала не е песната Боље бити пијан него стар.Од друга страна пак размислувам ако го нема процесот на стареење , ќе нема новороденчиња, како тие ке стареат, растат!?Неможат ли овие научници да измислат некој лек против старост и да си бидеме стално млади и убави,незгужвани во фаци,неподгрбавени,да гледаме и слушаме убаво? Чудно е цело тело старее а само желбите остануваат но се нема сила и моќ да се исполнат.Кожата најпрво старее кај човекот,ако се изгориш ќе се обнови еден дел но ке ти остане белег,а најмистериозното е што ако ги изгориш врвовите на прстите, отпечатоците пак се обноват како што си биле.Чудно створење е ова човекот ама Господ можел да направи да не старееме.....а он зарем не остаре,Старее ли Бог?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Loner

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Стареењето е како солта,таа му дава вкус на хранат.
Зошто старееме?...За да го вкусиме животот.

Старее ли Бог? Кој е твојот Бог?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Стареењето е како солта,таа му дава вкус на хранат.
Зошто старееме?...За да го вкусиме животот.

Старее ли Бог? Кој е твојот Бог?
Мислам за творецот на светов,тој што го создал човекот,за Господ Бог.Ако стареењето го споредуваш со солта зарем не би можело да се смени, да не се "пресолува "толку, ова малку е смешна споредба, но немора толку да се изобличува човекот со стареењето, мислам на физички и психички промени.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Мислам за творецот на светов,тој што го создал човекот,за Господ Бог.
Ќе мора да бидеш малку попрецизна,кој Бог е тоа?
Ако стареењето го споредуваш со солта зарем не би можело да се смени, да не се "пресолува "толку, ова малку е смешна споредба, но немора толку да се изобличува човекот со стареењето, мислам на физички и психички промени.
А како ти би сакала?
Да си постојана млада и убава?(терминот убава,не е за сите со иста вредност) и психичката состојба ќе мора да ја дообјасниш.
Кој период од човековиот живот (телесен) ти се допаѓа најмногу,а кој од психичкиот (дискутабилно е ова,бидејќи не ги имаш сите психички промени доживеано,за да направиш споредба кој е подобар,за разлика од телесниот кој можеш да го видиш и според вкус да одбереш)
Ете кажа дека остарено тело не ти се допаѓа,со паметот(психичките промени)како си?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lady*

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Стареењето е најголем биолошки проблем поради кој многу големи фармацевтски куќи до ден денес а и понатаму се во потрага за лекот против стареење.Многу научници, биолози,велат дека се блиску до откривањето на главната причина, имаат неколку теории како на пр.дека стареењето е поради истрошеност на ораганизмот, дека се е генетски програмирано идр.Библијата си има јасен одговор на ова прашање каде се вели дека на почетокот луѓето имале можноста да живеат вечно млади но изгледа Адам ја зезнал работата.Човечкото тело е точно програмирано кога треба да се обнаоват клетките,кога да зацелат раните,и уште многу вчудувачки моќи но изгледа дека старееме за да жалиме за младоста или Бог е несовршен па со маките што ни ги дал цел живот да си ги носиме на плеќите старееме.Дали душата старее заедно со телото и другите прашања што ми ги постави се вече за друга тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: corki

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А како Библијата одговара на бесмртните животни? Има неколку видови животни кои се бесмртни, пр. еве има едни мали медузи кои живеат многу длабоко и кога ќе достигнат зрела фаза престануваат да стареат т.е. клетките им се регенерираат постојано се` дур нешто не ги убие. Официјалните студии велат дека генетиката на човекот е направена за да се регенерира не толку брзо колку што старее па така смртта станува неизбежна. Во просек човековото тело целосно се регенерира за период од околу 7 години (ама не го сфаќајте ова како после 7 години и оп се будам нов човек целосно регенериран), што е недоволно за да се одржи во еден стадиум и да престане да старее.
Универзумот тежнее кон рамнотежна состојба па бесмртноста би повлекла многу нус-појави како потреба од енергија што би резултирало со некоја реакција на универзумот за воспоставување баланс.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Стареењето е голема мистерија за научниците.Многу финансии се дават по лаборатории за да се испита тој мистериозен човечки механизам.Факт е дека не постои човек на планетава кој е толку психички спремен и да се помири дека ќе остари и еден ден ќе умре, но да се надеваме дека науката ке открие еден ден кој е виновникот.Човековото тело има билиони клетки,сите работат беспрекорно до одреден период,се делат,обновуваат и на секоја новhin клетка се копира оригиналната единствена ДНК и на сета таа мистериозна совршеност оддеднаш нешто дава друга наредба.Многу е чудно што здрави клетки одгледани во лаборатории опстанале 50 год.додека канцерогената клетка опстојува многу долго и е наречена бесмртна.Има интересни книги за ваква тема -Тело како машина и The incredible machine......Човек стварно да се запраша кои сме и од каде сме!
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
:eek: Озбилна е темава? Јас мислев ќе ја најдам заклучена. Рака на срце.
Зошто старееме? Погоре @existence супер опуша зошто старееме.
Јас едно филозофско рамниште ќе си зафатам.
Колку сме ние не благодарни суштества! Зошто старееме? Зошто умираме? Зошто мора да работиме за да имаме пари? Зошто мора половиот орган некогаш да „откаже“? Зошто, зошто, зошто?
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
:eek: Озбилна е темава? Јас мислев ќе ја најдам заклучена. Рака на срце.
Зошто старееме? Погоре @existence супер опуша зошто старееме.
Јас едно филозофско рамниште ќе си зафатам.
Колку сме ние не благодарни суштества! Зошто старееме? Зошто умираме? Зошто мора да работиме за да имаме пари? Зошто мора половиот орган некогаш да „откаже“? Зошто, зошто, зошто?
Зошто мора да заебеш тема :eek:mad: и на кого тоа треба да бидеме благодарни суштества?Тебе ниедна тема не ти е озбилна,оди играј каладонт:mad: