Едно од најпосебните и најволшебните места за мене е Канео на Охридско.
Ми се случувало саати да поминам седејќи таму на една карпа малку поодалечена од големата карпа, заради тоа што баш таму нема толку луѓе.
Некако на тоа место доаѓам кога стојам пред важни прашања во врска со себе и својот живот.
Тишината,езерото, планините околу, небото, сонцето, ѕвездите, месечината, снегот...
Сето тоа го имам доживеано баш таму нѓа тоа место , и незнам зошто но има за мене некоја магична моќ..
Ме опушта, ме исполнува, ми дава нова енергија..
Ми се има случено едноставно да ме снема од овде, и да отидам таму, само да се најдам себе, да се соберам ..прекрасно место.