Поклон во плик е ок опција ама ако е своеволно а не наметнато или задолжително.
Колку ќе ставиш во пликот зависи од тоа кај кого одиш на свадба и колку ти е близок...
Кај мој близок братучед ставив и 100 евра зашто ионака планирав толку да потрошам, пошто сме блиски ги прашав што им треба, ми рекоа во моментов ништо конкретно, е па тогаш еве ви пари па купете си сами што сакате, само да би де по ќеиф.
Глупаво ми е да дадам пари за поклон и да неми го бендисаат и да го расфрлаат по визби или тавани.
Затоа ако ми се блиски ги прашувам дали им треба нешто конкретно, ако не ми посочат нешто се решавам за пари...
А висината на сумата зависи...кај некои подалечни сум била и со 1500 денари...
Ама да бидеме реални, кога одиш на свадба и ти како гостин имаш трошок и тоа голем...поклонот во плик, слика да платиш, па да фрлиш пари на невестата ако те почасти со бонбонче, па букет и вино...плус некаде околу 1500 денари...епа не се малку...