Кандида

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ова е еден проблем што мислам дека нема човек (особено жена) кој се нема соочено со него. Не сум нешто претерано информирана, но знам дека станува збор за габа која најчесто предизвикува вагинална (габична) инфекција која се појавува кога има некакво нарушување на pH вредноста во вагината. Најчесто и најлесно е да се појави при користење на антибиотици зошто тие ги убиваат оние "добри" бактерии во организмот. Логично, кандидата се појавуа при ослабен имунитет, било да е причината како што веќе кажав антибиотици или пак, стрес, нервоза и било што може да доведе до опаѓање на имунитетот. Секако, може да се појави и при користење на синтетичка облека, користење на парфемирани производи за капење, нередовна или пак претерана секојдневна хигиена, итн.

кандида 1.jpg


Некои од симптомите кои се појавуваат се: чешање (најглавен!), печење, црвенило, иритација во пределот на вагината, бел исцедок, итн. Колку што знам, оваа инфекција не е опасна (иако може да создаде проблеми ако не се третира), но и те како е досадна и непријатна. Има луѓе кои ја добиваат оваа инфекција секој месец, а има луѓе кои ја добиваат еднаш во 5 години. Оваа инфекција е сексуално пренослива што значи за време на истата, треба да се избегнува сексуален однос и воедно, да се провери и доколку треба, истовремено да се лекува и партнерот.

За лекување можам да споменам неколку лично испробани работи како што се: крема Канестен, миење со чај од камилица (или пак мајчина душица), миење со раствор од вода и сода бикарбона, пиење на (пробиотски) јогурт, исфрлање на шеќерот и лек Флуконазол. Најважната работа (според мене) е да се прекрати конзумирањето на шеќер бидејќи токму од него габичките се хранат и се размножуваат. Буквално, целосно прекратување! Знам дека е тешко, но мора да се стори и да се издржи тој одреден период без шеќер. Секое одење во тоалет, обавезно миење со чај од камилица (или мајч. душ. или сода), а наутро после будење и навечер пред спиење, мачкање со Канестен (имам слушнато и за Нистатин, но немам пробано). Во периодот на лекување од оваа инфекција, пијте огромна количин на јогурт, по можност оној пробиотскиот бидејќи јогуртот ги содржи оние "добрите" габи (и бактерии) кои се нарушени со кандидата. Доколку сето ова не помогне и оваа инфекција трае повеќе од 2-3 недели, пробајте со Флуконазол. Станува збор за антимикотин (антифунгален лек) кој се конзумира еднаш во неделата и се купува како едно единствено апче кое чини 45 денари. Мене некако ми е страв од ова апче и затоа го оставам како последна опција доколку не успеам да се излекувам на природен начин.

кандида 2.jpg


Во оваа тема споделувајте информации за кандидата, подетално за што станува збор, како да се спречи да се појави, како да се лекува, како да ја препознаеме, разни совети и искуства.
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Јас најчесто користам Нео Пенотран - вагиналети и Флажил антибиотик (многу е досаден пошто се пие на 8 саати и само после јадење). Пробано и со канестен, но генерално ако еднаш се активира Кандидата, после стално се појавува.
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Јас најчесто користам Нео Пенотран - вагиналети и Флажил антибиотик (многу е досаден пошто се пие на 8 саати и само после јадење). Пробано и со канестен, но генерално ако еднаш се активира Кандидата, после стално се појавува.
Се повторува бидејки не го менувате начинот на живот, исхрана и тн. Вагиналетите и антибиотиците само моментално можат да ја одстранат кандидата. Штом еднаш се појавила во вашето тело тоа значи дека вие сте створиле услови за таа да се појави, ако не ги промените тие услови, тогаш таа пак ке се најде таму одкако ке заврши дејството на лекарствата. Во видеото што го постирав погоре убаво е објаснето што е кандидата, ви препорачувам да го погледнете.
Јас кандида често добивав кога ке користев парфимирани влошки и тоалетна хартија, затоа ви советувам прво да пробате да ги исфрлите таквите производи од употреба, бидејки проблемот можеби лежи во тоа, а вие упорно си го малтретирате организмот со лекарства. Антибиотиците можат само да ви направат поголема штета, погоре во воведниот текст убаво е опишано тоа. Миењето со сода бикарбона е ефикасно и помага, но доколку го правите тоа, побарајте во аптеките сода бикарбона без алуминиум.
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Чума на 21ви век. Посебно катастрофално ако се добие заради некој друг.
Дали кај некоја успеала сосема да се повлече и да не се јави повторно ?
 

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
30
Не најдов ваква тема,ако има може да се избрише објавава прашањето ми е,дали може да се умре од кандида??
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Не најдов ваква тема,ако има може да се избрише објавава прашањето ми е,дали може да се умре од кандида??
Прво дознај кој вид на кандида е во прашање.
Колку време и како се лечи пациентот.
И на крај, најопасното прашање е да побараш на нет од валидни извори колку е death rate за тој вид на кандида...

И ќе знаеш... отприлика, секако не е 100% сигурно па да се притресуваш...
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Како тоа да се умре од кандида?
Кандидата може да се појави на неколку места во организмот, како локална форма...
Доколку се работи за системска кандидијаза е тогаш работите се посериозни, но не и неизлечиви...
А досега мислам дека никој не умрел конкретно од кандида.
 

Patika

Староседелец
21 февруари 2018
41
19
608
Чудно прашање, за кое мислам дека сите го знаат одговорот!